Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на повеќе поетски книги, романи за деца, сликовница, романи за возрасни, збирки раскази и книги критика и есеистика. Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски…

Никола Маџиров (1973, Струмица) е поет, есеист, преведувач. Неговата поезија е преведена на над четириесетина јазици. За поезијата од книгата „Преместен камен“ ја добива меѓународната поетска награда „Хуберт Бурда“, како и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Меѓу останатите награди се и „Студентски збор“ за дебитантска книга на Македонија (1999), наградата „Ацо Караманов“…

Марјан Георгиевски е дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности. Магистрирал на отсекот театарска режија. Апсолвент е на „Славјанскиот универзитет“ на Факултетот за психологија. Писател, сценарист, дигитален креатор. Тој е вработен во Битолскиот народен театар од 2014 година и активно игра во претставите на репертоарот на НТБ. Од 2011 година како еден од пионерите на…

Искра Димковска е родена во 1982 година во Скопје. Во 2006 година дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стекнувајќи се со звањето филолог по италијански јазик и литература и германски јазик и литература. Во изминатите години уредник е на издавачката куќа „Сказнувалка“. Од италијански на македонски јазик ги превела „Месечината и огновите“ од Чезаре Павезе…

Ирена Јурчева е родена во 1982 година во Белград. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема „Културолошко преведување на Силмарилион од Џ. Р. Р. Толкин како предизвик за преведувачот“. Досега има објавено две поетски книги, „Таинства“ (2017, „Метаноја“) и „Огнот наш…

Зорица Николовска, работи како редовен професор на Катедрата за германски јазик и книжевност и на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа своето образование го започнува во Германија, а потоа во Скопје и Белград. Во 2004 г. докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје. Во повеќе наврати реализирала истражувачки…

Елисавета Поповска е редовен професор по француска книжевност и франкофонски книжевности и култури на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Докторира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на тема од областа на француската книжевност и се стекнува со звањето доктор по филолошки науки. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“…

Екатерина Бабамова е родена во Скопје на 24.11.1948 година. По завршувањето на основното и средното образование, дипломира на Катедрата за англиски јазик и книжевност со руски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. По дипломирањето се вработува како професор по англиски јазик во О.У. „11 Октомври“, каде ја реализира експерименталната настава од прво до…

Драгица Стаменковиќ е психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и психотерапевт. Има своја приватна пракса во којашто работи со семејства и индивидуално. Нејзината експертиза се состои од повеќе психотерапевтски модалитети што ѝ овозможува да креира пристап на работа кој е интегративен и креативен. Литературата, филмот, музиката и уметноста се ресурси кои ги користи во психотерапевтската…

Венко Андоновски (1964) е македонски романсиер, раскажувач, драмски писател, критичар и универзитетски професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Досега има објавено 42 книги од различни жанрови. Поважни дела: Фрески и гротески и Припитомување на кучката (раскази), Азбука за непослушните, Папокот на светот, Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светлината (романи); Бунт во домот за…