Радмила Ванкоска (1988 година) е документарна/концептуална фотографка и видеоуметница. Додипломските студии ги завршила на Филолошкиот факултет во Скопје, а на магистерски студии по дигитални уметности е на Факултетот за медиуми и комуникации, Сингидунум, Белград (Србија). Покрај уметничката пракса се занимава и со едукација поврзана со аналогна фотографија, снимање кратки видеа и монтажа. Своите дела ги…
Никола Ѓелинчески (1988) е преведувач од англиски и шпански јазик на македонски и обратно. Бил наградуван на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ организиран од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија. Активен член е на ЗПРМ. Уредил бројни изданија и извршил лектура и јазична редакција на голем број…
Ламија Милишиќ (1995) е литературен, театарски и филмски критичар и теоретичар. Во Сараево дипломирала филозофија и компаративна книжевност. Добитничка е на наградата за најдобар студент на Филозофскиот факултет на УНСА и Златната значка на УНСА. Нејзини есеи, текстови од книжевната теорија, критики и научни трудови се објавени во различни регионални списанија и портали. Таа е посветена…
Ена Хасечиќ (1994) е родена во Сараево. Магистрирала на отсекот за книжевност на народите на Босна и Херцерговина и босански, хрватски и српски јазик. Од 2019 година работи во издавачката куќа „Бајбук“ (“Buybook”) како уредничка и ПР. Досега уредила десеттина книги од автори од светот и од регионот. Била проектен лидер на неколку проекти на…
Лиле Јовановска (1997) има учествувано на повеќе поетри слем натпревари низ Македонија. Победник е на Поетри слем Паратисима во 2015 година. Нејзината поезија е објавена во првата „Антологија на македонската слем поезија“. Голем љубител е на сите форми на уметноста во кои се изразува во слободно време, главно преку сликарството и стрип-културата.
Андреј Ал-Асади е роден 1996 година во Лондон. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е…
Марија Пандева (1994) е дипломиран преведувач од македонски на шпански и од шпански на македонски и дипломиран професор по македонски јазик. Од 2022 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како асистент-истражувач, а претходно работела 4 години како лектор по македонски јазик на МДУ „Ломоносов“ во Москва. Превела 5 книги од шпански на…
Марија Грубор (1992) е родена во Велес. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела во здравствениот сектор, a учествувала и во неколку независни студентски организации и културни проекти. Има издадено две поетски збирки. Дел од нејзините песни се преведени на англиски, бугарски, германски и шпански јазик. Двократен победник е на националниот натпревар во слем…
Љубица Арсовска (1950) е книжевен преведувач. Главен уредник е на списанието „Културен живот“. Преведува од англиски на македонски и обратно. Досега од англиски ги преведувала Џулијан Барнс, Тони Морисон, Сузан Сонтаг, Арундати Рој, Ијан Мекјуан, Харолд Пинтер, Тенеси Вилијамс и други, а од македонски на англиски Лидија Димковска, Лилјана Дирјан, Ристо Лазаров, Томислав Османли. Таа…










