Александра Јоаниду (1966) е доктор на науки, универзитетски професор и преведувач од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од…
Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Дипломирал Општа и компаративнa книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во родниот град. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), книгата собрани сатирични текстови „Хрониките на…
Јана Михајловска (1981) е библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение во Македонија. Во 2004 година дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација. Неколку години работи во градинките и во приватните училишта за странски јазици во Скопје како професор по…
Ана Голејшка Џикова (1987) е македонска писателка и поетеса. Авторка е на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка…
Давор Стојановски (1987) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистер е по македонска книжевност. Работел како копирајтер и уредник. Од словенечки јазик превел дела од неколку автори. Каетан Кович, Горан Војновиќ, Драго Јанчар, Ања Мугерли итн. Неговиот втор роман „Собирачи на пепел“ ја освои наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. Третиот роман…
Катерина Шошко (1986) е писателка и блог-авторка. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика. Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент, веб и блог-писателка. Во 2016 година го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“…
Симона Јованоска (1985) е македонска писателка. Во 2015 година ја објавила својата прва книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 год. Во 2022 год. го освојува првото место на…
Јосип Коцев (1985) е македонски поет. Завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Pаботи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор е на поетските книги „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016), „Сега е најдолгото никогаш“ (2018), „Музеј на чувствата“ (2019) и „Две мориња“ (2023). Добитник е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на…
Влада Урошевиќ (1934) е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Објавил единаесет збирки поезија. Помеѓу неговите прозни дела има седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките…
Аница Блажеска (1983) e родена во Тетово. Сè уште учи, се надоградува, работи и упорно не пишува. Таа е сурово реална, безобразно трезвена и интелектуално емотивна поетеса. Нејзините настапи се природни и спонтани до степен на симпатична и искрена сценска наивност – сосема спротивна на луцидноста и зрелоста на нејзината поезија.










