Ивана Трајаноска Ивана Трајаноска е писателка, интердисциплинарна истражувачка, преведувачка и професорка по англистика на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Таа е претседателка на Форумот на Меѓународната асоцијација за студии на зборот и на музиката (WMA), Грац. Авторка е на романите „Разгледници“ (2008), „Деса“ (2021) и „Јета“ (2026). Ракописот на нејзиниот втор роман, „Деса“, ја доби…
Владимир Јанковски Владимир Јанковски е писател, преведувач и уредник. Дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел во неколку издавачки куќи, како и за неколку книжевни фестивали. Има објавено пет романи, неколку хибридни книги и бројни преводи. © Ivan Shopov
Александар Маџаровски Александар Маџаровски е магистер по филозофија, поет, преведувач, љубител на книжевноста и македонски јутубер познат како „Читачот“. Тој на својот Јутјуб-канал објавува рецензии на книжевни дела од странски и од македонски автори. Пишува поезија, хаику и кратки раскази. Во периодиката, негови дела се објавувани во списанијата „Стремеж“ и „Мравка“ како и во електронска…
Иван Шопов Иван Шопов дипломирал Општа и компаративнa книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во родниот град Скопје. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), книгата собрани сатирични текстови „Хрониките на Арслан Новинарски“ (2018),…
Оливера Ќорвезироска Оливера Ќорвезироска е aвторка на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија); „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“, „Зорки и Цветка“ и „(С)обувки“ (сликовници); „Отвораат ли сништата работа“, „Еден Текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика); „Заклученото тело на Лу“, „Аб’т“ и…
Калина Малеска Калина Малеска е писателка, професорка по англиска книжевност, книжевна преведувачка. Авторка е на неколку романи, збирки раскази, книги за деца и монографии поврзани со книжевни истражувања. За романот „Светот што го избрав“ ја доби наградата Роман на годината за 2024 година на Фондацијата „Славко Јаневски“. Малеска е една од уредничките на меѓународната збирка…
Жарко Кујунџиски Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е македонски романсиер, есеист, драмски автор, поет, книжевен и филмски критичар, преведувач и издавач. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Автор е на 14 книги, а неговите дела се преведени на повеќе јазици и застапени во бројни антологии, меѓу кои The Best European Fiction 2013. Добитник е…
Душко Крстевски Душко Крстевски (1981) е поет, преведувач и книжевент рецензент. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, каде што моментално е магистранд по македонска литература. Застапуван е во неколку антологии на македонската млада поезија. Преведува од бугарски јазик, како за…
Александра Јуруковска Александра Јуруковска е книжевен кртичар, новинар и промотор на културата. Автор е на книгите: „Ткаење на текстот“ (новинска критика; Силсонс, 2014), „Медиумскиот егзил на книжевноста“ (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и „2 минути и 40 реда“ (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Автор е и на бројни есеи и студии и…
Д-р Лидија Танушевска, редовен професор на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, е родена во 1969 г. во Скопје. Дипломирала во 1991 г. на Филолошки факултет и се стекнала со звањето дипломиран филолог по македонски јазик и полски јазик и книжевност. Магистрирала во 2003 г., а докторирала во 2010 г. на…










