
Оливера Ќорвезироска
Оливера Ќорвезироска е aвторка на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија); „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“, „Зорки и Цветка“ и „(С)обувки“ (сликовници); „Отвораат ли сништата работа“, „Еден Текст и една жена“ и „На полпат“ (критика и есеистика); „Заклученото тело на Лу“, „Аб’т“ и „Три Марии“ (романи за возрасни); „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“, „Новелички без шеќер“, „Улиците што ги нема“, „Престапни години“ и „Опашка од конец“ (раскази). Добитник е на награди за расказ, а за „Сплетени раскази“ во 2003 ја добива „Стале Попов“. Застапена е во дваесетина антологии. Романот „Три Марии“ ги освои трите главни награди за проза во Македонија во 2025 година: Рациновото признание, „Стале Попов“ на ДПМ и Роман на годината, со што стана првиот македонски роман – добитник на сите награди во една година. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.
