РИТА МОНАЛДИ И ФРАНЧЕСКО СОРТИ Италија Писателите Рита Моналди (1966) и Франческо Сорти (1964) се брачен пар, автори на серијата историски книги „Имприматур“, „Секретум“ и „Веритас“. Живеат на релација Виена–Рим со своите две деца. Рита дипломирала класични студии, а специјализирала историја на религиите. Франческо Сорти дипломирал музикологија. Специјалист е за XVII век. Работеле како новинари.        …

ДОЈНА РУШТИ Романија Дојна Рушти (1957) е eдна од најпознатите писателки од Романија. Своите дела почнува да ги објавува по падот на комунизмот. Авторка е на девет романи и на голем број раскази, вклучени во разни антологии. Во своите дела пристапува кон фантастични теми сместени во реален контекст. Добитничка е на еминентни награди во својата…

ЕСМАХАН АЈКОЛ Турција / Германија Есмахан Ајкол (1970) е турско-германска писателка и новинарка. Дипломирала право во Истанбул. Моментално е на докторски студии во Берлин. Нејзините романи се преведени на голем број европски јазици, главно преку серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел.               Убиство во хотел Босфор Превод: Тулај…

АГАТА ТУШИЊСКА Полска Агата Тушињска (1957) е полска писателка. Ќерка е на историчар и новинарка. Доктор е по хуманитарни науки. Предавала книжевност и новинарство. Во пишувањето се занимава со биографијата и со книжевната репортажа. Мешајќи ги историското и фиктивното, објавила дваесетина книги, од кои неколку станале бестселери.             Обвинета: Вјера…

МАРЕНТЕ ДЕ МОР Холандија Маренте де Мор (1972) е холандска писателка. Студирала словенски јазици. Во 1990-тите живеела во Русија, пишувајќи за холандски и за руски медиуми. Со авторско дело дебитирала во 2007 година. Од 2009 работи како колумнист во списание за политика. Има објавено три романи, како и книги со колумни и со кратки раскази.…

  Биљана Стојановска (1984) има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).…

ЗАХАРИ КАРАБАШЛИЕВ Бугарија Захари Карабашлиев (роден 1968) е бугарски прозаист и драмски автор. Неговите драми се играни во Европа и во Америка. Пишува и филмски сценарија. Неговите дела се преведени на речиси сите европски јазици. Од 2014 година е главен уредник на најголемата издавачка куќа во Бугарија. Наскоро претстои филмската верзија на 18% сиво.      …

ИЗАБЕЛ ВЕРИ Белгија Изабел Вери е белгиска писателка и актерка. Глумела во неколку театри од Франција, Италија, Белгија и ОК. Поради своите танчарски и пејачки способности учествувала во мјузикли и во филмови. Авторка е на три книги.             Обескостена Превод: Маргарита Терзијан-Маленкова Мeрилин Терки пишува роман. Од своето детство таа е фасцинирана…