Словенија🇸🇮 Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот…

  Луксембург 🇱🇺 Франсис Кирпс (1971) е луксембуршки автор, сатиричар и новинар. По завршувањето на средното училиште, студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник во основно училиште. Од деведесеттите години објавува поезија и проза во различни антологии и списанија во Германија и во Луксембург. Во 2000 и 2001 година…

Белгија 🇧🇪 Стефан Хертманс (1951) е белгиски автор, поет и есеист од фламанското говорно подрачје. Неговата биографија се чита како образовен (билдунгс) роман. Од наставник до џез-музичар, од професор до писател, од белгиски државен лауреат до огромна меѓународна книжевна ѕвезда. Автор е на литературен и на есеистички опус кој вклучува поезија, романи, есеи, драми, раскази.…

  Македонија 🇲🇰 Лидија Димковска е родена 1971 година во Скопје. Таа е поетеса, романсиер, есеист и преведувач. Студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Скопје и докторирала романска книжевност на Универзитетот во Букурешт. Работела како предавач по македонски јазик и литература на Факултетот за странски јазици и книжевности во Букурешт и како предавач по светска…

  Хрватска/БиХ 🇭🇷 🇧🇦 Миљенко Јерговиќ (1966) е босанскo-хрватски писател и новинар. Тој е еден од најзначајните балкански писатели. Роден е во Сараево во 1966 година и со својата книжевна и вонкнижевна работа се издигнува во една од најживописните фигури на регионалната јавна сцена. Неговите раскази и романи се преведени на триесетина јазици. Добитник е…

  Србија 🇷🇸 Бранко Росиќ (1964) е српски писател и дипломиран машински инженер роден во Белград. Свирел во култниот панк бенд „Урбана герила“, а подоцна и во електро групата „Берлинер штрасе“. Соработувал во пишувањето на „Лексиконот на YU митологијата“ и објавувал текстови во „Плејбој“, „Ел“, „Л’еуропео“, „Космополитен“, „Макс“, „Нешнл џиографик“, „Б92 онлајн“, „Фејм“. Заменик е на…

  Хрватска 🇭🇷 Драго Гламузина е хрватски писател и уредник, роден во Вргорац во 1967 година. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб. Бил новинар во „Вјесник“ и уредник во списанието „Национал“. Од 2003 до 2011 година работел како главен уредник во издавачката куќа „Профил“, а од 2011…

Шпанија 🇪🇸 Наџат Ел Хачми е мароканско-шпанска писателка која пишува на феминистички теми. Родена е во Надор (Мароко) во 1979 година. На осумгодишна возраст емигрирала со своето семејство во Каталонија. Студирала арапска литература на Универзитетот во Барселона. Почнала да пишува кога имала дванаесет години, на почетокот од забава, а подоцна и како начин за изразување на…

Германија Саша Станишиќ Саша Станишиќ (1978) е босанско-германски писател. Роден е во Вишеград oд мајка Бошњачка и татко Србин. Во 1992 година пребегнуваат во Германија. Студирал славистички студии во Хајделберг. Со првата книга, „Како војникот го поправа грамофонот“, дебитира во 2006 година. За неа добива голем број награди и преведена е на триесетина јазици. За „Потекло“…

Белорусија НАГРАДА BOOKSTAR Светлана Алексиевич Светлана Алексиевич е белоруска писателка родена во 1948 година во Ивано-Франкoвск (Украина) од татко Белорусин и мајка Украинка. Нејзините книги се преведени на повеќе од триесет јазици и биле основа на десетина драмски поставки и дваесетина филмски екранизации. Добитничка е на огромен број награди. За нејзиниот полифоничен дискурс, споменик на…