Калина Малеска
Калина Малеска е писателка, професорка по англиска книжевност, книжевна преведувачка. Авторка е на неколку романи, збирки раскази, книги за деца и монографии поврзани со книжевни истражувања. За романот „Светот што го избрав“ ја доби наградата Роман на годината за 2024 година на Фондацијата „Славко Јаневски“. Малеска е една од уредничките на меѓународната збирка Awake not Sleeping (2021), во која е застапена со два расказа, како и на други книжевни студии и студии во областа на образованието. Нејзини раскази се преведени на неколку јазици и објавени во домашни и странски списанија. Малеска има преведено десетина книжевни дела од англиски јазик, меѓу кои е и „Слобода: Растење на крајот од историјата“ од Леа Ипи.
.
