ФРАНЦИЈА Извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо Надеж Агило е извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ која објавува современа проза и е специјализирана за европска литература. Родена е во Бордо и посетувала правни студии за авторски права во нејзиното родно место. По студиите времето го поминува меѓу Лондон и Париз каде што работела…

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Фарук Шехиќ (1970) е босанско-херцеговски писател и новинар кој своето слободно време го користи за риболов. Добитник е на наградата за литература на Европската Унија за 2013 за романот „Книга за Уна“. Книжевната критика го препознава како гласот на прегазената генерација автори родени во 1970-тите години. Неговите книги се преведени на шеснаесет…

ЧЕШКА Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“…

  МАКЕДОНИЈА Румена Бужаровска (1981) е македонска писателка, професорка, преведувачка и активистка за женските права. Живее и работи во Скопје каде што се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Авторка е…

Жарко Кујунџиски (1980) е писател и издавач. Дипломирал во 2003, а подоцна и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност во Скопје. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“ (www.reper.net.mk), копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Сопственик е на издавачката куќа…

Златко Панзов (1979) дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Скопје. Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта, Унгарија. Работи како Лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија, Универзитет…

Владимир Мартиновски (1974) е поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на бројни книжевно-теориски студии, збирки поезија, хаибуни, книги раскази, како и на две…

Александар Русјаков (1977) е македонски писател роден во Велес. Ги објавил книгите: „Голтка восхит од солзите на вечноста“ – поезија, „Ме сакаш ли под дождот?“ – раскази, „Тринаесеттиот месец“ – роман, „Атена со пенис“ – роман, „Курвински хроники“ – роман, „Албино трип“ – роман, „Хотел меѓу две војни“ – роман. Ги добил наградите: Награда „Пегаз“…

Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008 – 2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор е на…

Aлександар Шурбатовиќ (1973) е српски поет, писател, преведувач и издавач. Основно и средно училиште завршил во Крагуевац, а во Белград студирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и археологија на Филозофскиот факултет. Осум години живеел во Амстердам. Долги години бил главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“, а сега е сопственик на издавачката…