СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА Снежана Стојчевска дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012 ја објави првата поетска книга „Шеќер по подот“. За втората збирка „Под нулата“ ја доби наградата „Бели мугри“ за 2013 година. Авторка е и на книгите „Модри фантазии“ (2015), „Треба да е лесно“ (2017), „Ќе се завијам во песни“ (2019), „Празно место“ (2022)…

Петар Андоновски Петар Андоновски дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Автор е на една збирка поезија „Ментален простор“ (2008) и на пет романи: „Очи со боја на чевли“ (2013), „Телото во кое треба да се живее“ (2015), „Страв од варвари“ (2018), „Лето во кое те нема“ (2020) и „Не кажувам“ (2023).…

Саша Бронвасер Саша Бронвасер (Рајсвајк, Холандија, 1968) е писателка, историчарка на уметноста, кураторка и поранешна уметничка критичарка. Студирала графички дизајн, француски јазик и историја на уметноста, а дваесет години пишувала за визуелната уметност како критичарка и новинарка на весникот de Volkskrant. Работела и како кураторка и презентерка на повеќе уметнички и културни проекти. Како романсиерка…

Гузел Јахина Гузел Јахина (Казан, Русија, 1977) е писателка од татарско потекло, која е и сценаристка и една од најзначајните современи авторки од руското говорно подрачје. Роден говорител е на татарскиот јазик, а рускиот го научила на училиште. Студирала на катедрата за странски јазици на Казањскиот државен универзитет, а подоцна завршила и студии по филмско…

Мартина Видаиќ Мартина Видаиќ (Задар, 1986) е хрватска писателка и поетеса. Дипломирала хрватски јазик и книжевност на Универзитетот во Задар. Нејзината прва поетска збирка, „Ера на влекачите“, е објавена во 2011 година и ја добива престижната награда „Горан“ за млади поети. Следуваат збирките „Темниот човек Биргер“ (2016) и „Механика на поленот“ (2018), за која ја…

Лилјана Коробка Лилјана Коробка (Сасени, Молдавија, 1975) е молдавско-романска писателка, научничка и истражувачка на цензурата во комунистичкиот период. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Молдавија, а докторирала на Универзитетот во Букурешт со тезата „Ликот во меѓувоениот роман во Романија“. Од 2002 до 2011 година работела како истражувачка во Институтот за историја и книжевна…

    Леа Ипи Леа Ипи e родена 1979 година во Драч, Албанија Taa e универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics). Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет „Сапиенца“, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Полето на нејзиниот научен интерес ја опфаќа нормативната политичка…

Влада Урошевиќ   Влада Урошевиќ е академик, поет, прозаист, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Значаен дел од животот го поминал како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил 11 збирки поезија. Неговиот прозен опус, пак, се состои од збирки раскази, романи, книги со…

    Соња Станковска Соња Станковска е архитект и дизајнер, но во основата е раскажувач на приказни, без разлика на медиумот што го користи. Гради светови од линии, простори и зборови. „Фобос“ (Или-Или, 2025) е нејзина прва објавена книга, која беше финалист за наградата Роман на годината за 2025 година.          …

Ненад Велковски Ненад Велковски е наградуван книжевен преведувач, полиглот и новинар за култура со повеќе од две децении искуство во јазичната едукација и медиумите. Тој е дипломиран филолог и зборува пет јазици на рамниште на мајчин јазик (Ц2). Добитник е на наградата „Божидар Настев“ за извонредниот превод на романот „Куцкамен“од Хулио Кортасар (Табернакул, 2008). Неговото…