Александар Русјаков Александар Русјаков е поет, писател, сценарист и колумнист. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на катедрата за филмска и ТВ-режија. Автор е на книгите: „Ме сакаш ли под дождот?“ (раскази, 2010), „Тринаесеттиот месец“ (роман, 2012), „Атена со пенис“ (роман, 2014), „Голтка восхит од солзите на вечноста“ (поезија, 2016), „Курвински хроники“ (роман, 2020), „Албино…
Ненад Јолдески Ненад Јолдески е современ македонски писател. Дипломирал на Економскиот факултет, а магистрирал на Катедрата за Oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Неговата прва книга, „Штамата на Енхалон“ (Темплум, 2009) е збирка раскази напишани на струшки дијалект и социолект. Таа ја доби наградата „Новите“ за најдобро дебитантско дело на конкурсот на издавачката куќа…
Емил Ниами Емил Ниами е доктор на филолошки науки. Дипломирал руски јазик и книжевност, и американски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предавал македонски јазик на МДУ „М.В. Ломоносов“ во Москва (2007-2011). Тој е автор на првите речници на пароними (2020), антоними (2021) и хомоними (2022) во македонскиот јазик, како и на неколку…
Ивица Дукоски Ивица Дукоски е стрип-сценарист од Скопје, познат по стрип-албумите „Црната аурора“ (2018), „Аника и Тигран“ (2020), и стрип-серијалот „Лом“ (2019–2025), сите создадени во соработка со илустраторот Владимир Благојевиќ. Пишува текстови за филм, музика и стрип во повеќе медиуми, меѓу кои и стрип-списанијата „Деветка“ и „Тешка машинерија“. Се јавува како соорганизатор на стрип-фестивалот „Стрип…
Катерина Шекутковска Катерина Шекутковска е главна и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“ и преведувачка од германски на македонски јазик. Студирала германски јазик и книжевност при Филилошкиот фактултет во Скопје, а подоцна завршила и магистерски студии по германска книжевност и издаваштво во Бамберг, Германија. Покрај преводи од неколку современи германски автор(к)и, вклучувајќи ги Лукас Бефус,…
Никола Гелевски Никола Гелевски е уредник, писател, поет, преведувач, колумнист, активист… Директор и главен уредник на книгоиздателството „Темплум“, со околу 700 објавени изданија (од 1992 до денес) во десетина едиции. Главен уредник на порталот „Окно“ од 2009 година. Објавил петнаесетина книги (десетина од нив, прозните и поетските, под псевдонимот Пандалф Вулкански). Пишувал колумни во „Форум“…
Томислав Османли Томислав Османли е македонски писател, драматург и есеист, автор на околу 30 книги проза, поезија, драмски текстови и сценарија. Тој е автор на првите стручни книги посветени на филмот („Филмот и политичкото“, 1981) и на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987, 2002, 2022). Неговиот богат опус опфаќа 5 романи, 8 прозни збирки…
Лилјана Пандева Лилјана Пандева е доктор на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети во стихза деца, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцелариски колумни“,„Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранител(к)и“,на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“, „Божик…
Весна Мојсова-Чепишевска Весна Мојсова-Чепишевска дипломирала (1989), магистрирала (1996) и докторирала (2002) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1990 година е вработена на Факултетот, каде го минува сиот досегашен работен век, од асистент до редовен професор. Предава група предмети од областа на современата македонска книжевност, предмети од областа…
Фросина Пармаковска Фросина Пармаковска е писателка со богато романескно творештво. Дипломирала Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Институтот за македонска книжевност. Од 2018 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и редовно учествува на домашни и меѓународни книжевни манифестации. Нејзините дела се преведени на српски, бугарски, украински и на германски јазик. Aвторка…










