
Нермин Молаоглу е родена во 1975 година во Бугарија. Дипломирала на Универзитетот Тракија во 2000 година. По нејзиниот прв мастер на Универзитетот во Конектикат, запишала втор на Универзитетот Билги во Истанбул за правните дупки во авторските и преведувачките права.Во 2005 година ја основала Книжевната агентција Калем. Покрај продажбата на права од странски јазици на турски, ја претставува турската литература во странство и досега турските автори се читаат на повеќе од 50 различни јазици. Сè уште активно работи на промоција на турската литература. Исто така, го организира Истанбулскиот меѓународен литературен фестивал (ИТЕФ). Во 2009 година ѝ е доделена Меѓународната награда за млади претприемачи во издаваштвото од Британскиот совет, а во 2017 и Меѓународната награда за извонредност за книжевна агенција, која секоја година се доделува на Саемот на книги во Лондон. Патувала во 85 различни земји, најчесто учествувајќи на меѓународни саеми на книги и литературни фестивали. Во Скопје доаѓа како професионален учесник, агент на големиот Ахмет Умит.
