Елој Морено Елој Морено (Кастељон, Шпанија, 1976) е писател, автор на книги за деца и возрасни и во моментот е најчитаниот современ шпански автор. По студиите по информатика и работата како информатичар, во 2010 година решава самостојно да го објави својот прв роман, „Зеленото пенкало“, кој со текот на времето ќе продаде повеќе од 250…
Зоран Спасов-Ѕоф Зоран Спасов-Ѕоф е македонски автор, романописец и драматург, роден во Скопје во 1965 година. Неговото творештво се движи меѓу хуморот и тагата, личното и колективното сеќавање, историјата и фикцијата. Пишува со препознатлив, непосреден јазик, често обоен со скопски сленг, афоризам и иронија, настојувајќи зад големите теми и историските личности секогаш да го пронајде…
Јован Илиески Јован Илиески е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт, по вокација писател, а по душа вечен раскажувач. Вљубеник во несекојдневните приказни скриени во секојдневието, создава литература во која човечкото, кревкото и невозможното се преплетуваат. Пишува од седумгодишна возраст. Неговото прво јавно дело го објавува во 2012 година, под псевдоним, на блогот „Душа на парче…
Јап Робен (Остерхaут, Холандија, 1984) е писател и поет, автор на романи, поезија, книги за деца и драмски текстови. Студирал менаџмент на животната средина, а подоцна се образувал и на Театарската академија „Конингс“. Како автор дебитирал со поезија и книги за деца, а неговите дела за најмладите се одликуваат со хумор, фантазија и чувствителност кон…
Дијана Петрова Дијана Петрова е писателка, професорка и магистер по филолошки науки, со потесна област македонска книжевност и култура. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на студиите по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Авторка е на четири книги, а нејзиното творештво го сочинуваат и есеи и раскази објавувани во книжевни…
Сузана Камберова Сузана Камберова е дерматолог и раскажувач. Пишува романи, кратки раскази и колумни. Со свои раскази е застапена во повеќе збирки и антологии од регионот: Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Ја фасцинираат мистериозното, она што е скриено длабоко под површината, времето и местата каде што реалното и имагинарното стануваат едно. Верува дека книжевноста…
Васко Марковски Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008 – 2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор…
Владимир Битољану Владимир Битољану е издавач, книжар и еден од најпосветените промотори на стрип-културата во Македонија. Тој е сопственик на стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје – култно место за љубителите на деветтата уметност и значаен центар за домашната стрип-сцена. Од 2017 година, преку издавачката дејност на „Бункер“, активно придонесува за објавување и популаризација на македонски и…
Петар Андоновски Петар Андоновски дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Автор е на една збирка поезија „Ментален простор“ (2008) и на пет романи: „Очи со боја на чевли“ (2013), „Телото во кое треба да се живее“ (2015), „Страв од варвари“ (2018), „Лето во кое те нема“ (2020) и „Не кажувам“ (2023).…
Саша Бронвасер Саша Бронвасер (Рајсвајк, Холандија, 1968) е писателка, историчарка на уметноста, кураторка и поранешна уметничка критичарка. Студирала графички дизајн, француски јазик и историја на уметноста, а дваесет години пишувала за визуелната уметност како критичарка и новинарка на весникот de Volkskrant. Работела и како кураторка и презентерка на повеќе уметнички и културни проекти. Како романсиерка…










