Маријанџела Бјанкофиоре (1981) е родена во Мола ди Бари, мало гратче помеѓу Бари и Монополи (Италија). Дипломирала македонски јазик и книжевност и англоамерикански јазици и книжевности на Универзитетот „Л’Ориентале“ во Неапол, потоа специјализирала теорија и практика на литературниот превод на Универзитетот во Бари. Од 2006 до 2017 година живеела во Скопје, предавала на некои универзитети…
Игор Трпчески (1974) е а актер и режисер, првенец на ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Основач и претседател е на „Театарската работилница Прилеп“ преку која има продуцирано и реализирано девет театарски претстави кои добиле национални и интернационални награди. Организирал голем број промоции, изложби и концерти на македонски автори и има издадено пет…
Перица Сарџоски (1976) е поет, писател, преведувач и толкувач, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми, како и основач на училиштето за англиски јазик Пегасус ЕЛС. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) во 2001 година. Во 2005 година ја има издадено поемата со наслов „Карпа жива“. Има издадено и роман патопис со наслов „Цветниот…
Александар Маџаровски (1978) е магистер по филозофија, поет, преведувач, љубител на книжевноста и македонски јутубер познат како „Читачот“. Тој на својот Јутјуб-канал објавува рецензии на книжевни дела од странски и од македонски автори. Пишува поезија, хаику и кратки раскази. Во периодиката, негови дела се објавувани во списанијата „Стремеж“ и „Мравка“ како и во електронска форма…
Николина Андова Шопова (1978) е писателка и поетеса. Авторка е на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ (2013) и „Поврзи ги точките“ (2014). Нејзината прва збирка поезија ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Учесник е на бројни европски поетски фестивали, а нејзината…
Билјана Црвенковска (1973) е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и на истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com). Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, како и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи…
Јасминка Делова-Силјанова (1972) е редовен професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Практика на преведувањето. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори:…
Маргарета Карајанова (1972) е преведувач од чешки јазик и поранешен лектор по македонски јазик на Масариковиот универзитет во Брно, Република Чешка. Ги преведувала Милан Кундера, Томаш Змешкал, Хана Андроникова, Владислав Ванчура, Јиржи Хајичек, Михал Вивег, Радка Данемаркова, Даниела Ходрова, Јахим Топол, Патрик Оуржедњик, Ладислав Клима, Виктор Фишл, Луцие Фаулерова и други. Во последно време преведува…
Обединетото Кралство 🇬🇧 Софи Хана (1971) е бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“. Објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци низ светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014…
Чешка 🇨🇿 Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка, уредничка и сценаристка. Дипломирала чешки студии на Универзитетот Палацки во Оломуц. Нејзиниот дебитантски роман „Собирачи на прашина“ побудил интерес кај читателите и критичарите веднаш по објавувањето. Била номиниран за наградата Магнезија Литера за проза во 2017 година (највисоката годишна книжевна награда во Чешка), и наградата Јиржи Ортен…










