„BOOKSTAR“ 2026
Фестивалот BookStar на своето 12-то издание го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не се слободни“. Фестивалот е повик да размислиме за слободата како една од највредните и најкревките човечки состојби. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој мислата може да се движи без ограничувања.
Слободата во пишувањето значи можност авторот да го постави прашањето што другите се плашат да го изговорат, да раскаже приказна што ја прикажува стварноста од нов агол и да создаде свет во кој различностите не се пречка, туку богатство. Токму затоа книжевноста отсекогаш била место на отпор, на имагинација и на дијалог.
Со FREE AT LеAST?, BookStar ја слави слободата во нејзините многубројни облици: слободата на израз, на мисла, на движење, но и слободата да се биде свој. Преку разговори со автори, книжевни читања, отворени дискусии и фестивалски средби, ова издание ќе ја отвори темата за тоа како литературата ја чува, брани и постојано ја преосмислува идејата за слободата. Конечно слободни? или Барем слободни? – што значи тоа и дали е тоа едно исто? Или, во македонски контекст можеме да отидеме и во локална крајност па да зборуваме и за „Од Слобода или смрт! до Сонце на слободата!"

