Жарко Кујунџиски Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е македонски романсиер, есеист, драмски автор, раскажувач, поет, филмски и книжевен критичар, преведувач и издавач. Дипломирал во 2003, а во 2009 и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, копирајтер во маркетинг-агенција, прес-координатор на…
Оливера Ќорвезироска Оливера Ќорвезироска е родена 1965 година во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на две книги поезија, три книги за деца, три книги критика и есеистика, три романи и осум книги раскази за возрасни. Повеќекратен добитник…
Калина Малеска Калина Малеска е писателка, професорка, книжевна преведувачка. Авторка е на: романите Бруно и боите (2006), Призраци со срмени нишки (2014) и Светот што го избрав (2024), збирките раскази: Недоразбирања (1998), Именување на инсектот (2008), Мојот непријател Итар Пејо (2016) и Скопје во високата зона (2021), драмата Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија (2010);…
Алесандро Барико СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА „BOOKSTAR“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата Алесандро Барико (1958) е италијански романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Неговите дела се преведени на огромен број јазици. Напишал четиринаесет романи, три есеи…
Јон Калман Стефансон НАГРАДА „BOOKSTAR“ 2024 ИСЛАНД Јон Калман Стефансон (1963) е исландски писател и преведувач. Преку своето творештво креирал уникатен и волшебен свет. Како поет и романсиер е еден од најистакнатите современи исландски книжевни гласови. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело…
Здравка Евтимова БУГАРИЈА Здравка Евтимова (1959) е бугарска авторка и книжевна преведувачка од англиски, германски и од француски јазик. Досега има објавено шест романи и осум збирки раскази. Нејзините дела се преведени на десетина јазици, додека расказите ѝ се издадени во 32 земји во светот, што ја прават редок пример од балканската литература. Евтимова…
Тијана Милиќ (1997) е културна работничка со голема љубов кон пишаниот збор. Завршила туризмологија на Катедрата по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работела како туристички водич, а од 2019 активно се занимава со организација на настани поврзани со филмот, музиката, спортот и литературата. Пишува проза. Авторка е на делата „Животот во моја кожа“ (2011)…
Соња Стојменска-Елзесер (1963) е научен советник и професор на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзини истражувачки интереси се: компаративна книжевност, културолошки студии, културна географија, славистика и македонистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар. Објавила неколку книги есеи и книжевна критика: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“…
Пепи Стамков (1999) е роден во Скопје, иако поголемиот дел од неговиот живот го поминал во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2023 на Катедрата за македонска книжевност и култура, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, есеи и книжевна критика. Неговите песни се објавени во стихозбирките „Метрички карван“,…
Оливера Ќорвезироска (1965) е родена во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на повеќе поетски книги, романи за деца, сликовница, романи за возрасни, збирки раскази и книги критика и есеистика. Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски…










