Емил Ниами
Емил Ниами е доктор на филолошки науки. Дипломирал руски јазик и книжевност, и американски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предавал македонски јазик на МДУ „М.В. Ломоносов“ во Москва (2007-2011).
Тој е автор на првите речници на пароними (2020), антоними (2021) и хомоними (2022) во македонскиот јазик, како и на неколку значајни монографии и трудови од областа на лексикографијата, лексикологијата, социолингвистиката и традуктологијата. Главен редактор е на „Речникот на медиумска писменост“ и има преведено над 30 дела. Во 2021 година ја добива наградата „13 Ноември“ за наука.
