Хрватска/БиХ 🇭🇷 🇧🇦 Миљенко Јерговиќ (1966) е босанскo-хрватски писател и новинар. Тој е еден од најзначајните балкански писатели. Роден е во Сараево во 1966 година и со својата книжевна и вонкнижевна работа се издигнува во една од најживописните фигури на регионалната јавна сцена. Неговите раскази и романи се преведени на триесетина јазици. Добитник е…
Србија 🇷🇸 Бранко Росиќ (1964) е српски писател и дипломиран машински инженер роден во Белград. Свирел во култниот панк бенд „Урбана герила“, а подоцна и во електро групата „Берлинер штрасе“. Соработувал во пишувањето на „Лексиконот на YU митологијата“ и објавувал текстови во „Плејбој“, „Ел“, „Л’еуропео“, „Космополитен“, „Макс“, „Нешнл џиографик“, „Б92 онлајн“, „Фејм“. Заменик е на…
Хрватска 🇭🇷 Драго Гламузина е хрватски писател и уредник, роден во Вргорац во 1967 година. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб. Бил новинар во „Вјесник“ и уредник во списанието „Национал“. Од 2003 до 2011 година работел како главен уредник во издавачката куќа „Профил“, а од 2011…
Шпанија 🇪🇸 Наџат Ел Хачми е мароканско-шпанска писателка која пишува на феминистички теми. Родена е во Надор (Мароко) во 1979 година. На осумгодишна возраст емигрирала со своето семејство во Каталонија. Студирала арапска литература на Универзитетот во Барселона. Почнала да пишува кога имала дванаесет години, на почетокот од забава, а подоцна и како начин за изразување на…
Германија Саша Станишиќ Саша Станишиќ (1978) е босанско-германски писател. Роден е во Вишеград oд мајка Бошњачка и татко Србин. Во 1992 година пребегнуваат во Германија. Студирал славистички студии во Хајделберг. Со првата книга, „Како војникот го поправа грамофонот“, дебитира во 2006 година. За неа добива голем број награди и преведена е на триесетина јазици. За „Потекло“…
Белорусија НАГРАДА BOOKSTAR Светлана Алексиевич Светлана Алексиевич е белоруска писателка родена во 1948 година во Ивано-Франкoвск (Украина) од татко Белорусин и мајка Украинка. Нејзините книги се преведени на повеќе од триесет јазици и биле основа на десетина драмски поставки и дваесетина филмски екранизации. Добитничка е на огромен број награди. За нејзиниот полифоничен дискурс, споменик на…
Италија Надја Теранова Надја Теранова (1978) е италијанска писателка и преведувачка. Дипломирала филозофија на Универзитетот во Месина, а докторирала на тема од областа на современата историја на Универзитетот во Катанија. Во 2003 се преселува во Рим каде што почнува да објавува книги за деца, како и осврти посветени на детската литература. Дебитира во 2012 година…
Словачка Моника Компаникова Моника Компаникова (1979) е една од најзначајните писателки на современата словачка литература. Завршила ликовна академија – отсек графика, а подоцна магистрирала и сликарство во Братислава. Своите први раскази ги објавува на страниците на книжевните списанија и антологии. За својата дебитантска книга ја добива наградата „Иван Краск“. Авторка е на четири романи, како и…
Хрватска Кристина Гавран Кристина Гавран е родена во Загреб, 1987 година. Магистрирала драматургија на Академијата за драмски уметности. Предавала драматургија и била лектор на драмското студио „Тирена“, играла во претстави за деца и млади, водела различни семинари по пишување и пo драматургија. Две години пишувала за веб-порталот teatar.hr. Нејзината драма „Дедал и Икар“ била…
Романија Богдан-Александру Станеску Богдан-Александру Станеску (1979) е романски писател, есеист, преведувач, издавач и претседател на Меѓународниот фестивал за литература од Букурешт (FILB). Дванаесет години бил уредник на престижната преводна едиција „Полиром“. Познат книжевен критичар на главните романски изданија. Во 2012 дебитирал како поет. Со свои кратки раскази застапен е во повеќе антологии. Добитник е на наградата…