ХРВАТСКА Кристијан Новак (1979) е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Член е на Друштвото на писателите во Хрватска и на Хрватското друштво за применета лингвистика. Досега има објавено четири романи. Роден е во Германија како дете на хрватски работници, а детството го поминува на северот од Хрватска. Студирал германистика на факултетот во Загреб, но…

СРБИЈА Игор Маројевиќ (1968) е современ српски писател и преведувач, член на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази. Студирал српскохрватски јазик и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Посетувал докторски студии по светска книжевност на универзитетот…

БУГАРИЈА Сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија. Манол Пејков завршил во Средното англиско училиште во Пловдив и дипломирал на Американскиот универзитет. Раководи со „Жанет 45“, една од водечките издавачки куќи во Бугарија, основана од неговата мајка. Од 2009 година има организирано над 40 книжевни настани…

ГЕРМАНИЈА Преведувач и меѓународен соработник на „Слободниот универзитет Берлин“ – Берлин, Германија Интернационална награда „Драги“ (2024) за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик Бенјамин Лангер е роден во 1976 година во Ерланген, Германија. Студира германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта. Од 2005 до 2009 работи како лектор…

ИТАЛИЈА Преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине, Италија Џорџа Спадони е преведувач, книжевен скаут и предавач од Италија. Магистрирала на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ на Катедрата за превод и толкување. Од 2022 година во рамките на истата програма предава курс по превод од бугарски на италијански јазик. Покрај литературниот…

АВСТРИЈА / ГЕРМАНИЈА Куратор за книжевната програма на „Културзомер“ – Виена, Австрија Новинар/блогер „Литературпаласт“ – Виена, Австрија Тино Шленх е професор, новинар и блогер, соработник на „Традуки“ и куратор на книжевната програма за виенскиот „Културзомер“ шестнеделен фестивал кој се случува секое лето во главниот град на Австрија. Роден е во Пранцлау, Германија. Студирал германска литература…

ФРАНЦИЈА Извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо Надеж Агило е извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ која објавува современа проза и е специјализирана за европска литература. Родена е во Бордо и посетувала правни студии за авторски права во нејзиното родно место. По студиите времето го поминува меѓу Лондон и Париз каде што работела…

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Фарук Шехиќ (1970) е босанско-херцеговски писател и новинар кој своето слободно време го користи за риболов. Добитник е на наградата за литература на Европската Унија за 2013 за романот „Книга за Уна“. Книжевната критика го препознава како гласот на прегазената генерација автори родени во 1970-тите години. Неговите книги се преведени на шеснаесет…

ЧЕШКА Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“…

  МАКЕДОНИЈА Румена Бужаровска (1981) е македонска писателка, професорка, преведувачка и активистка за женските права. Живее и работи во Скопје каде што се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Авторка е…