БУГАРИЈА
Сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија.
Манол Пејков завршил во Средното англиско училиште во Пловдив и дипломирал на Американскиот универзитет. Раководи со „Жанет 45“, една од водечките издавачки куќи во Бугарија, основана од неговата мајка. Од 2009 година има организирано над 40 книжевни настани со писатели од целиот свет.
По почетокот на војната во Украина на почетокот на 2022 година, започнува да собира донации за украинската кауза преку неговиот личен фејсбук-профил. Досега има собрано околу милион евра, како и 750 илјади евра за погодените од разорниот земјотрес во Турција и Северна Сирија на 6 февруари 2023 година.
Преведува поезија и е двократен добитник на наградата „Пловдив“, како и на Националната преведувачка награда „Христо Г. Данов“ за неговите преводи на бугарски на делата на С. Т. Колриџ, Е. Е. Камингс и Лоренс Ферлингети.
Пејков е еден од создавачите и сосопственик на аудиовизуелното студио „Пекарната“ во Софија, како и основач на Софиската книжевна агенција, единствената агенција во земјата која активно се занимава со промоција и продажба на авторските права за бугарските писатели на странските пазари.
Бил избран за пратеник како претставник на коалициите Демократска Бугарија и Продолжува промената – Демократска Бугарија во четири парламентарни состави со кратки мандати помеѓу 2021 и 2024 година.