МАРИНА ВУЈЧИЌ Хрватска Марина Вујчиќ е родена во 1966 година во Трогир. Дипломирала хрватски јазик и југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2010 година го објавила романот „Туѓ живот“. Романот „Тогаш Божо почна од почеток“ во 2015 година се нашол во потесниот избор за Европската награда за книжевност.  За драмата „Умри женски“…

  БАЛСОР ХОЏА Косово Балсор Хоџа е роден на 20 јули 1975 во Приштина, Косово. По професија е професор по англиска и американска книжевност. Повеќе од дваесет години работел во областа на хуманистичкиот и меѓународниот развој, со акцент на истражувачките и социолошките студии. Тој е познат публицист, есеист, автор на кратки раскази и поет во…

  КАТАРИНА ВИНКЛЕР Австрија Родена во 1979 година во Виена, Австрија. Пораснала во мало село во Горна Австрија. Одела на часови по пијано на Универзитетот „Антон Брикнер“ во Линц. Студирала германистика, драма и филозофија. Одбранила докторат на Универзитетот во Виена. Студирала актерска игра во Виена. Учествувала во филмски и театарски продукции. Во 2016 година го…

Сјон Исланд Сјон е исландски романсиер и поет роден во Рејкјавик во 1962 година. Добитник е на Книжевната награда на Нордискиот совет за литература (инаку нордиски еквивалент на „Man Booker Prize“) за романот „Сината лисица“, а романот „Од устата на китот“ бил во најтесен избор за наградите „International IMPAC Dublin Literary Award“ и „Independent Foreign…

  ОГНЕН СПАХИЌ Црна Гора Огнен Спахиќ (1977) е црногорски писател. Студирал филозофија и градежништво. Дебитирал со збирката кратки раскази „Сето тоа“ во 2001 година. За романот „Хансеновите деца“ во 2005 година ја добил наградата „Меша Селимовиќ“, а за книгата „Полна глава радост“ Наградата на Европската Унија за литература во 2014 година. Во 2011 година…

  ВЛАДА УРОШЕВИЌ Македонија Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Еден е од најпродуктивните и најквалитетни македонски писатели. Член е на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија…

НИКОЛО АМАНИТИ Италија Николо Аманити (роден 1966) е италијански писател. Студирал биологија. Автор е на неколку романи и збирки раскази. Добитник е на највисоките книжевни награди во Италија – „Вијареџо“ и „Стрега“. Голем дел од неговите книги се филмувани од режисери како Габриеле Салваторес и Бернардо Бертолучи. Во 2014 година и Аманити се испробува како филмски…

Јоланда Кастањо Галиција Јоланда Кастањо (Сантјаго де Компостела, ГАЛИЦИЈА – Шпанија, 1977 година) веќе дваесет и пет години објаву­ва поезија изворно на галициски, која потоа ја преведува на шпански јазик. Досега шест од нејзините збирки поезија освоиле награди, меѓу кои: „Наградата на шпанската крити­ка“, „Espiral Mayor“, „Ojo Crítico“ (за најдобра збирка објавена од автор помлад од…

АНДЕ ЈАНКОВ Македонија Анде Јанков е роден на 5.6.1988 година во Велес. Уште од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година. Неговиот деби-роман „Едно лето на Крит“, кој излегува од печат во 2016 година, е добитник на наградата „Романијада“. Во 2020 година,…

МАРТА ДИМИТРОВ Македонија Марта Димитров е родена на 17 февруари 1991 година во Кавадарци. Основното и средното образование ги завршува во родниот град, дипломира преведување по англиски и германски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а е запишана на магистерски студии по меѓународен бизнис со странски јазици на Универзитетот ФОН. Пишувањето ѝ е страст…