Ирена Јурчева е родена во 1982 година во Белград. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема „Културолошко преведување на Силмарилион од Џ. Р. Р. Толкин како предизвик за преведувачот“. Досега има објавено две поетски книги, „Таинства“ (2017, „Метаноја“) и „Огнот наш…
Зорица Николовска, работи како редовен професор на Катедрата за германски јазик и книжевност и на Катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа своето образование го започнува во Германија, а потоа во Скопје и Белград. Во 2004 г. докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје. Во повеќе наврати реализирала истражувачки…
Елисавета Поповска е редовен професор по француска книжевност и франкофонски книжевности и култури на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Докторира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на тема од областа на француската книжевност и се стекнува со звањето доктор по филолошки науки. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“…
Екатерина Бабамова е родена во Скопје на 24.11.1948 година. По завршувањето на основното и средното образование, дипломира на Катедрата за англиски јазик и книжевност со руски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. По дипломирањето се вработува како професор по англиски јазик во О.У. „11 Октомври“, каде ја реализира експерименталната настава од прво до…
Драгица Стаменковиќ е психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и психотерапевт. Има своја приватна пракса во којашто работи со семејства и индивидуално. Нејзината експертиза се состои од повеќе психотерапевтски модалитети што ѝ овозможува да креира пристап на работа кој е интегративен и креативен. Литературата, филмот, музиката и уметноста се ресурси кои ги користи во психотерапевтската…
Венко Андоновски (1964) е македонски романсиер, раскажувач, драмски писател, критичар и универзитетски професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Досега има објавено 42 книги од различни жанрови. Поважни дела: Фрески и гротески и Припитомување на кучката (раскази), Азбука за непослушните, Папокот на светот, Вештица, Ќерката на математичарот и Папокот на светлината (романи); Бунт во домот за…
Бобан Здравковски Андреевски (1969), книжевен преведувач и уредник. Има преведено повеќе дела од германски, англиски и руски јазик, од автори како Франц Кафка, Томас Ман, Карл Јунг, Артур Шопенхауер и др. Автор е на бројни графички решенија за книги, книжевни списанија, со 25-годишно искуство. Активно работи на уредување книги, и посветен е на естетското обликување…
Билјана Туџаровска-Ќупева (1975, Ресен). Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Филолошкиот факултет на насоката Наука за книжевност каде магистрира на тема „Македонската книжевност во контекст на издавачката дејност во Република Македонија (1991 – 2007)“, додека во…
ПОРТУГАЛИЈА Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Досега има објавено тринаесет прозни книги, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Го сметаат за еден од најталентираните современи португалски автори. Добитник е на многу национални и меѓународни награди меѓу кои…
ИТАЛИЈА Паола Перети (1986) е италијанска писателка и професорка по италијански јазик. Испирирана од својот живот и дијагноза со Старгардова болест, таа во својот прв роман „Чекорите до црешовото дрво“ раскажува приказна за девојче на кое му ја откриле оваа ретка генетска болест која предизвикува постепено губење на видот со краен ефект на целосно слепило.…