Dijana Petrova
Дијана Петрова е писателка, професорка и магистер по филолошки науки, со потесна област македонска книжевност и култура. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на студиите по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик.
Авторка е на четири книги, а нејзиното творештво го сочинуваат и есеи и раскази објавувани во книжевни списанија и публикации. Добитничка е на три награди за расказ. Во нејзината книжевна работа особено се препознава интересот за женската приказна, меморијата, премолчените гласови и оние делови од минатото што чекаат повторно да бидат прочитани.
Професионално работи како професорка по македонски јазик и литература, каде што книжевноста ја доживува и претставува како простор за разговор, критичко мислење и создавање нови читатели. Била дел од проектот за функционална писменост и застапена во истоимената публикација.
© Radmila Vankoska

Изгубените женски ракописи
„Правопис за деца“, Скопје, 2026
„Изгубените женски ракописи“ е постмодернистички историографски роман во кој границата меѓу фактите и фикцијата постојано се поместува. Преку една современа наративна приказна, романот отвора широка книжевно-историска панорама на развојот на македонската книжевност – од најстарите книжевни траги, преку особено значајниот XIX век, па сè до современата македонска литература, која за релативно краток период успева да се постави рамо до рамо со светските книжевни текови.
