Васко Марковски Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008 – 2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор…

Владимир Битољану Владимир Битољану е издавач, книжар и еден од најпосветените промотори на стрип-културата во Македонија. Тој е сопственик на стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје – култно место за љубителите на деветтата уметност и значаен центар за домашната стрип-сцена. Од 2017 година, преку издавачката дејност на „Бункер“, активно придонесува за објавување и популаризација на македонски и…

Ненад Велковски Ненад Велковски е наградуван книжевен преведувач, полиглот и новинар за култура со повеќе од две децении искуство во јазичната едукација и медиумите. Тој е дипломиран филолог и зборува пет јазици на рамниште на мајчин јазик (Ц2). Добитник е на наградата „Божидар Настев“ за извонредниот превод на романот „Куцкамен“од Хулио Кортасар (Табернакул, 2008). Неговото…

Бојана Стојменовиќ Петровска Бојана Стојменовиќ Петровска е дипломиран психолог и семеен и системски советник, со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје и добросостојба. Таа е основач на советувалиштето „Мој психолог“, преку кое веќе 10 години активно работи на унапредување на менталното здравје и обезбедување психолошка поддршка и психоедукација. Како консултант за ментално здравје и…

Емил Ниами Емил Ниами е доктор на филолошки науки. Дипломирал руски јазик и книжевност, и американски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предавал македонски јазик на МДУ „М.В. Ломоносов“ во Москва (2007-2011). Тој е автор на првите речници на пароними (2020), антоними (2021) и хомоними (2022) во македонскиот јазик, како и на неколку…

Ивица Дукоски Ивица Дукоски е стрип-сценарист од Скопје, познат по стрип-албумите „Црната аурора“ (2018), „Аника и Тигран“ (2020), и стрип-серијалот „Лом“ (2019–2025), сите создадени во соработка со илустраторот Владимир Благојевиќ. Пишува текстови за филм, музика и стрип во повеќе медиуми, меѓу кои и стрип-списанијата „Деветка“ и „Тешка машинерија“. Се јавува како соорганизатор на стрип-фестивалот „Стрип…

Катерина Шекутковска Катерина Шекутковска е главна и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“ и преведувачка од германски на македонски јазик. Студирала германски јазик и книжевност при Филилошкиот фактултет во Скопје, а подоцна завршила и магистерски студии по германска книжевност и издаваштво во Бамберг, Германија. Покрај преводи од неколку современи германски автор(к)и, вклучувајќи ги Лукас Бефус,…

Никола Гелевски Никола Гелевски е уредник, писател, поет, преведувач, колумнист, активист… Директор и главен уредник на книгоиздателството „Темплум“, со околу 700 објавени изданија (од 1992 до денес) во десетина едиции. Главен уредник на порталот „Окно“ од 2009 година. Објавил петнаесетина книги (десетина од нив, прозните и поетските, под псевдонимот Пандалф Вулкански). Пишувал колумни во „Форум“…

Томислав Османли Томислав Османли е македонски писател, драматург и есеист, автор на околу 30 книги проза, поезија, драмски текстови и сценарија. Тој е автор на првите стручни книги посветени на филмот („Филмот и политичкото“, 1981) и на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987, 2002, 2022). Неговиот богат опус опфаќа 5 романи, 8 прозни збирки…

Лилјана Пандева Лилјана Пандева е доктор на филолошки науки. Автор е на повеќе дела, меѓу кои: „Новогодишни едночинки“, драмолети во стихза деца, поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“, на збирките раскази „Возовите на Луцерн“, „Канцелариски колумни“,„Класифицирано“, „Заорани“, „Луѓенца“, „Хранител(к)и“,на романите „Од агендата на Калина Калин“, „Дневници на една љубов“, „Два Божика“, „Божик…