Maрија Ангеловска (1994) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за англиски јазик и книжевност. Се занимава со превод, толкување и пишување поезија и проза.

Марија Пандева (1994) е дипломиран преведувач од македонски на шпански и од шпански на македонски и дипломиран професор по македонски јазик. Од 2022 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како асистент-истражувач, а претходно работела 4 години како лектор по македонски јазик на МДУ „Ломоносов“ во Москва. Превела 5 книги од шпански на…

Марија Грубор (1992) е родена во Велес. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела во здравствениот сектор, a учествувала и во неколку независни студентски организации и културни проекти. Има издадено две поетски збирки. Дел од нејзините песни се преведени на англиски, бугарски, германски и шпански јазик. Двократен победник е на националниот натпревар во слем…

Љубица Арсовска (1950) е книжевен преведувач. Главен уредник е на списанието „Културен живот“. Преведува од англиски на македонски и обратно. Досега од англиски ги преведувала Џулијан Барнс, Тони Морисон, Сузан Сонтаг, Арундати Рој, Ијан Мекјуан, Харолд Пинтер, Тенеси Вилијамс и други, а од македонски на англиски Лидија Димковска, Лилјана Дирјан, Ристо Лазаров, Томислав Османли. Таа…

Александра Јоаниду (1966) е доктор на науки, универзитетски професор и преведувач од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од…

Јана Михајловска (1981) е библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение во Македонија. Во 2004 година дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација. Неколку години работи во градинките и во приватните училишта за странски јазици во Скопје како професор по…

Ана Голејшка Џикова (1987) е македонска писателка и поетеса. Авторка е на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка…

Давор Стојановски (1987) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистер е по македонска книжевност. Работел како копирајтер и уредник. Од словенечки јазик превел дела од неколку автори. Каетан Кович, Горан Војновиќ, Драго Јанчар, Ања Мугерли итн. Неговиот втор роман „Собирачи на пепел“ ја освои наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. Третиот роман…

Катерина Шошко (1986) е писателка и блог-авторка. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика. Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент, веб и блог-писателка. Во 2016 година го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“…

Симона Јованоска (1985) е македонска писателка. Во 2015 година ја објавила својата прва книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 год. Во 2022 год. го освојува првото место на…