Горазд Кени Китановски, тоа сум јас – слободен и среќен човек. Имам 29 земски години и живеам во Скопје. Љубовпитен патник, луциден перформер, поетприемач, продуцент и режисер на видливи и невидливи филмови. Мое највисоко достигнување и најдлабока благодат е тоа што стотици илјади луѓе позитивно го почувствувале и споделиле тоа што го творам и создавам.
Анде Јанков (1988) е писател. Дипломирал економија. Неговиот роман „Едно лето на Крит“ (2016) ја добиva наградата „Романијада“ за најдобар дебитантски роман. Потоа, се посветува на проширување на крими и трилер жанровите на македонскиот пазар, со претставување на Виктор Николов, неговиот детективски протагонист во тековната серија романи: „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), и „Само…
Ана Јовковска (1982) е научен истражувач, докторанд на културолошки студии, магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, писателка, ТВ-уредничка и специјалист за односи со јавност. Авторка е на шест книги. Како авторка, продуцентка и водителка на дебатната емисија „Пулс“ низ која ги артикулираше интелектуалните ставови на значајни творечки јавни личности, внесувајќи ги културолошките, филозофски и…
Маријанџела Бјанкофиоре (1981) е родена во Мола ди Бари, мало гратче помеѓу Бари и Монополи (Италија). Дипломирала македонски јазик и книжевност и англоамерикански јазици и книжевности на Универзитетот „Л’Ориентале“ во Неапол, потоа специјализирала теорија и практика на литературниот превод на Универзитетот во Бари. Од 2006 до 2017 година живеела во Скопје, предавала на некои универзитети…
Игор Трпчески (1974) е а актер и режисер, првенец на ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Основач и претседател е на „Театарската работилница Прилеп“ преку која има продуцирано и реализирано девет театарски претстави кои добиле национални и интернационални награди. Организирал голем број промоции, изложби и концерти на македонски автори и има издадено пет…
Перица Сарџоски (1976) е поет, писател, преведувач и толкувач, истражувач, едукатор, иноватор на образовни програми, како и основач на училиштето за англиски јазик Пегасус ЕЛС. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) во 2001 година. Во 2005 година ја има издадено поемата со наслов „Карпа жива“. Има издадено и роман патопис со наслов „Цветниот…
Александар Маџаровски (1978) е магистер по филозофија, поет, преведувач, љубител на книжевноста и македонски јутубер познат како „Читачот“. Тој на својот Јутјуб-канал објавува рецензии на книжевни дела од странски и од македонски автори. Пишува поезија, хаику и кратки раскази. Во периодиката, негови дела се објавувани во списанијата „Стремеж“ и „Мравка“ како и во електронска форма…
Николина Андова Шопова (1978) е писателка и поетеса. Авторка е на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ (2013) и „Поврзи ги точките“ (2014). Нејзината прва збирка поезија ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Учесник е на бројни европски поетски фестивали, а нејзината…
Билјана Црвенковска (1973) е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и на истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com). Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, како и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи…
Јасминка Делова-Силјанова (1972) е редовен професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Практика на преведувањето. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори:…










