Tomislav Osmanli

Tomislav Osmanli е македонски писател, драматург и есеист, автор на околу 30 книги проза, поезија, драмски текстови и сценарија. Тој е автор на првите стручни книги посветени на филмот („Филмот и политичкото“, 1981) и на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987, 2002, 2022).

Неговиот богат опус опфаќа 5 романи, 8 прозни збирки и поемата „Бдеења Блажеви“ (2021), објавена по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Расказите „Светилка за Ханука“ (2008) ја добија наградата „Прозни мајстори“, а романот „Дваесет и првиот“ е прогласен за Роман на годината (2010) и беше македонски претставник за наградата „Балканика“. Османли е добитник и на престижни меѓународни поетски награди во Италија, меѓу кои Прва награда на конкурсот „Анте Поповски/Анџело Ла Векија“ (2018) и Гран-при на „Амилкаре Солферини“ (2025).

Делата на Османли се објавувани и изведувани во странство и преведени на над 12светски јазици. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на македонскиот ПЕН-Центар.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment