Милан Дамјаноски е роден на 23 август, 1977 година во Скопје. Вработен е на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што во моментот ја извршува функцијата редовен професор по англиска книжевност и конференциско толкување, при што ги предава предметите Англиска книжевност, Теорија на преведување и толкување, Конференциско…

    Д-р Лидија Танушевска, редовен професор на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, е родена во 1969 г. во Скопје. Дипломирала во 1991 г. на Филолошки факултет и се стекнала со звањето дипломиран филолог по македонски јазик и полски јазик и книжевност. Магистрирала во 2003 г., а докторирала во 2010 г. на…

      Јасминка Марковска е преведувачка и писателка од Скопје. Дипломирала на Катедрата за компаративна литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како и на Универзитетот „Ратгерс“ во Њу Џерси, САД. Магистрирала на Универзитетот во Осло, Норвешка. Авторка е на неколку драми, поезија и книжевни есеи. Превела повеќе прозни и поетски дела на…

      Александра Јуруковска е книжевен кртичар, новинар и промотор на културата. Автор е на книгите: „Ткаење на текстот“ (новинска критика; Силсонс, 2014), „Медиумскиот егзил на книжевноста“ (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и „2 минути и 40 реда“ (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Автор е и на бројни есеи и студии и…

      Александра Пановска Илиевска (1985) дипломирала на Филозофскиот факултет – социјална политика. Студент е на BRAINSTER, дигитален маркетинг. Сопруга на Александар и мајка на Сара. Во својата кариера има соработувано со многу компании и со гордост секогаш ги споделува, а тоа се Мерцедес, Хјунади, АД Осигурителна полиса, Нула ОТПАД. Дел е од основачите на…

      Весна Мојсова-Чепишевска (1967, Скопје). Дипломирала (1989), магистрирала (1996) и докторирала (2002) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Веднаш по дипломирањето, во 1990 година е вработена на Факултетот, каде го минува сиот досегашен работен век, од асистент до редовен професор. Предава група предмети од областа…

      Јордан Коцевски (1983) ја започна кариерата во академската сфера и во 2014 година се здобива со титулата Доктор по менаџмент во туризам и угостителство. Има напишано повеќе од триесет научни и стручни трудови пред да му здосади и да одлучи да ја следи својата страст да стане писател. Пред да почне да…

Тијана Милиќ (1997) е културна работничка со голема љубов кон пишаниот збор. Завршила туризмологија на Катедрата по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работела како туристички водич, а од 2019 активно се занимава со организација на настани поврзани со филмот, музиката, спортот и литературата. Пишува проза. Авторка е на делата „Животот во моја кожа“ (2011)…

Соња Стојменска-Елзесер (1963) е научен советник и професор на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзини истражувачки интереси се: компаративна книжевност, културолошки студии, културна географија, славистика и македонистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-центар. Објавила неколку книги есеи и книжевна критика: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“…

Пепи Стамков (1999) е роден во Скопје, иако поголемиот дел од неговиот живот го поминал во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2023 на Катедрата за македонска книжевност и култура, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, есеи и книжевна критика. Неговите песни се објавени во стихозбирките „Метрички карван“,…