
Ненад Велковски
Ненад Велковски е наградуван книжевен преведувач, полиглот и новинар за култура со повеќе од две децении искуство во јазичната едукација и медиумите. Тој е дипломиран филолог и зборува пет јазици на рамниште на мајчин јазик (Ц2). Добитник е на наградата „Божидар Настев“ за извонредниот превод на романот „Куцкамен“од Хулио Кортасар (Табернакул, 2008). Неговото богато портфолио опфаќа преводи на ремек-дела од Борхес, Сабато и Варгас Љоса. Денес работи како ТВ и радио водител на емисии за култура на МРТВ и Стереолаб, како официјален испитувач за DELE при институтот „Сервантес“ и ја извршува функцијата директор на јазичното студио „Каста дива“.
