Ахмет Умит Ахмет Умит е роден во Газијантеп (Турција) во 1960 година. Дипломирал на Катедрата за јавна администрација при Универзитетот „Мармара“. Во периодот 1985–1986 година студирал политикологија на Академијата за општествени науки во Москва. Неговата прва книга е збирка поезија, објавена во 1989 година. Во 1992 ја објавува својата прва книга раскази. Следуваат…

Блаже Миневски   Блаже Миневски (1961) е прозаист и драмски автор. Автор е на десет романи. За романот „Нишан“ ги доби наградите „Стале Попов“ и „Роман на годината“, и наградата на Град Скопје – „13-ти Ноември“, а за романот „Свирци“ – наградата „Прозни мајстори“ на фондацијата Македонија презент. Миневски ја има добиено и наградата „Најчитан…

Серај Шахинер   Серај Шахинер е турска писателка родена 1984 година во Бурса, а пораснала во населбата Аксарај во Истанбул. Во 2007 година дипломирала на Катедрата за новинарство при Факултетот за комуникации на Истанбулскиот универзитет. Почнала да пишува на млада возраст, со поддршка од своето семејство. Во средно училиште издавала списанија и фанзини каде што…

Владимир Мартиновски Владимир Мартиновски (1974) е македонски поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антологичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер,…

Ермис Лафазановски   Ермис Лафазановски (1961) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата, фолклорист и преведувач. Има објавено повеќе трудови од областа на фолклористиката, книжевноста и културната антропологија. Исто така, дал значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, добитник е на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале…

    Михајло Свидерски   Михајло Свидерски (1991) е македонски прозаист и поет. Автор е на романите „Бело и црвено“ (2014) – добитник на наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Последните денови на Ханс“ (2019) – номиниран за Наградата за литература на Европската Унија (EUPL) во 2020 и финалист за наградата „Роман на годината“…

  Сања Михајловиќ-Костадиновска   Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982), поради сплет на околности, работи на Филолошкиот факултет како професор по шпанска книжевност. Случајно станува писателка на следниве книги: „517“, „(Бес)конечни модели на расказот“, „Во кратки црви“, „Сонувалко“ и „Атолото“. Во моментов не пишува ништо заради немање време или инспирација, не знае точно, но креативното пишување наспроти здодевното…

Петра Клабоухова Петра Клабоухова (1980) е чешка писателка и новинарка родена на 20 август 1980 година. Работела како музички менаџер за независни рок-артисти во Европа и САД, каде што организирала концерти во живо. Потекнува од Јужна Бохемија, а детството го поминала во шумавските планини, во Вимперк. По завршувањето на средното училиште студирала новинарство, психологија и…

Иван Антоновски Иван Антоновски (1990) – поет, раскажувач, есеист, книжевен истражувач и преведувач, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Катедра за македонска книжевност и култура) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Автор е на неколку поетски книги, книги за деца, книги со студии и есеи за современата македонска книжевност и книжевни преводи.…

Жарко Кујунџиски Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е македонски романсиер, есеист, драмски автор, раскажувач, поет, филмски и книжевен критичар, преведувач и издавач. Дипломирал во 2003, а во 2009 и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, копирајтер во маркетинг-агенција, прес-координатор на…