ХРВАТСКА Кристијан Новак (1979) е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Член е на Друштвото на писателите во Хрватска и на Хрватското друштво за применета лингвистика. Досега има објавено четири романи. Роден е во Германија како дете на хрватски работници, а детството го поминува на северот од Хрватска. Студирал германистика на факултетот во Загреб, но…

СРБИЈА Игор Маројевиќ (1968) е современ српски писател и преведувач, член на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази. Студирал српскохрватски јазик и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Посетувал докторски студии по светска книжевност на универзитетот…

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Фарук Шехиќ (1970) е босанско-херцеговски писател и новинар кој своето слободно време го користи за риболов. Добитник е на наградата за литература на Европската Унија за 2013 за романот „Книга за Уна“. Книжевната критика го препознава како гласот на прегазената генерација автори родени во 1970-тите години. Неговите книги се преведени на шеснаесет…

ЧЕШКА Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“…

  МАКЕДОНИЈА Румена Бужаровска (1981) е македонска писателка, професорка, преведувачка и активистка за женските права. Живее и работи во Скопје каде што се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Авторка е…

Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Дипломирал Општа и компаративнa книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во родниот град. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), книгата собрани сатирични текстови „Хрониките на…

Обединетото Кралство 🇬🇧 Софи Хана (1971) е бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“. Објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци низ светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014…

Чешка 🇨🇿 Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка, уредничка и сценаристка. Дипломирала чешки студии на Универзитетот Палацки во Оломуц. Нејзиниот дебитантски роман „Собирачи на прашина“ побудил интерес кај читателите и критичарите веднаш по објавувањето. Била номиниран за наградата Магнезија Литера за проза во 2017 година (највисоката годишна книжевна награда во Чешка), и наградата Јиржи Ортен…

  Словенија🇸🇮 Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот…

  Луксембург 🇱🇺 Франсис Кирпс (1971) е луксембуршки автор, сатиричар и новинар. По завршувањето на средното училиште, студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник во основно училиште. Од деведесеттите години објавува поезија и проза во различни антологии и списанија во Германија и во Луксембург. Во 2000 и 2001 година…