Саша Бронвасер

Саша Бронвасер (Рајсвајк, Холандија, 1968) е писателка, историчарка на уметноста, кураторка и поранешна уметничка критичарка. Студирала графички дизајн, француски јазик и историја на уметноста, а дваесет години пишувала за визуелната уметност како критичарка и новинарка на весникот de Volkskrant. Работела и како кураторка и презентерка на повеќе уметнички и културни проекти.

Како романсиерка дебитирала во 2019 година со романот „Ништо не е излажано“, кој наиде на одличен прием кај критиката. Во 2023 година го објавува својот втор роман, „Слушај“, сложена и психолошки продлабочена приказна за уметноста, сеќавањето, вината и невидливите трауми. Романот, сместен меѓу Париз во 1980-тите и Париз по терористичките напади во 2015 година, беше номиниран за Libris Literature Prize, NS Audience Award и Inktaap и доживеа голем комерцијален успех. Во моментов се подготвува и филмска адаптација.

Во 2024 година го објавува „Случувањата“, збирка од шеснаесет раскази инспирирани од конкретни уметнички дела.

Нејзиното искуство во уметноста силно влијае врз книжевниот стил кој често комбинира визуелна прецизност со психолошка длабочина. Кај неа уметноста не е само тема туку и начин на гледање на светот: Бронвасер ги истражува меморијата, траумата, моќта, односите меѓу луѓето и начинот на кој уметноста го обликува нашето гледање и разбирање на стварноста.

Бронвасер живее на холандското крајбрежје.

https://sachabronwasser.nl/

 

Слушај

Превод: Елизабета Божиноска

„Антолог“, Скопје, 2026

 

Замрсена и напната мистерија сместена во Париз и Холандија, која прерасна во вистинска европска сензација.

Во 1989 година, дваесетгодишната Мари ја прифаќа шансата да работи како бебиситрека во Париз – иако тоа значи да се откаже од својата престижна уметничка програма во Холандија. Градот, јазикот, комплицираното француско семејство за кое работи, брзо ги засенуваат превирањата и болката со кои се соочувала во училиштето.

Но години подоцна, за време на нападите во Париз во 2015 година, Мари се шокира кога ќе ја препознае својата поранешна професорка, главната причина поради која избегала од Холандија, повредена во нападите, во истиот арондисман во кој живеат нејзините поранешни работодавци. Минатото за кое била сигурна дека може да го остави зад себе се враќа исто како и прашањата за кои мислела дека може да останат неодговорени и да продолжи со животот.

Оваа „неверојатно генијална“ приказна за созревањето поставува важни и вознемирувачки прашања за тенката линија помеѓу сеќавањето и снимањето, меѓу тоа да се гледа и да се биде виден, меѓу случајноста и судбината, одмаздата и зацелувањето – и за тоа што значи да се чекори по оваа граница.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment