Алесандро Барико СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА „BOOKSTAR“ Х10  за исклучителни достигнувања во литературата   Алесандро Барико (1958) е италијански романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Неговите дела се преведени на огромен број јазици. Напишал четиринаесет романи, три есеи…

Јон Калман Стефансон НАГРАДА „BOOKSTAR“ 2024 ИСЛАНД Јон Калман Стефансон (1963) е исландски писател и преведувач. Преку своето творештво креирал уникатен и волшебен свет. Како поет и романсиер е еден од најистакнатите современи исландски книжевни гласови. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело…

Здравка Евтимова БУГАРИЈА   Здравка Евтимова (1959) е бугарска авторка и книжевна преведувачка од англиски, германски и од француски јазик. Досега има објавено шест романи и осум збирки раскази. Нејзините дела се преведени на десетина јазици, додека расказите ѝ се издадени во 32 земји во светот, што ја прават редок пример од балканската литература. Евтимова…

ПОРТУГАЛИЈА Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Досега има објавено тринаесет прозни книги, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Го сметаат за еден од најталентираните современи португалски автори. Добитник е на многу национални и меѓународни награди меѓу кои…

ИТАЛИЈА Паола Перети (1986) е италијанска писателка и професорка по италијански јазик. Испирирана од својот живот и дијагноза со Старгардова болест, таа во својот прв роман „Чекорите до црешовото дрво“ раскажува приказна за девојче на кое му ја откриле оваа ретка генетска болест која предизвикува постепено губење на видот со краен ефект на целосно слепило.…

ХРВАТСКА Кристијан Новак (1979) е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Член е на Друштвото на писателите во Хрватска и на Хрватското друштво за применета лингвистика. Досега има објавено четири романи. Роден е во Германија како дете на хрватски работници, а детството го поминува на северот од Хрватска. Студирал германистика на факултетот во Загреб, но…

СРБИЈА Игор Маројевиќ (1968) е современ српски писател и преведувач, член на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази. Студирал српскохрватски јазик и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Посетувал докторски студии по светска книжевност на универзитетот…

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Фарук Шехиќ (1970) е босанско-херцеговски писател и новинар кој своето слободно време го користи за риболов. Добитник е на наградата за литература на Европската Унија за 2013 за романот „Книга за Уна“. Книжевната критика го препознава како гласот на прегазената генерација автори родени во 1970-тите години. Неговите книги се преведени на шеснаесет…

ЧЕШКА Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“…

  МАКЕДОНИЈА Румена Бужаровска (1981) е македонска писателка, професорка, преведувачка и активистка за женските права. Живее и работи во Скопје каде што се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Авторка е…