ИГОР СТАНОЈОСКИ Македонија Игор Станојоски е македонски лингвист и романсиер. Роден е во Копенхаген (1979). Дипломирал во Скопје на Катедрата за македонски јазик со општа и компаративна книжевност. Работел на универзитетите во Лавов, Катовице и Брно. Докторирал во Полска во 2009 година. Од 2014 година е насловен доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот Гоце Делчев…

ЈУСИ АДЛЕР ОЛСЕН Данска Јуси Адлер-Олсен (1950) е еден од најпопуларните и најчитани дански писатели. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации. Неговите книги се број…

ХОКАН НЕСЕР Шведска За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер (1950) би требало да биде во првите пет од листата. Тој е еден од најценетите шведски автори на трилер-романи и е првиот што трипати ја добил наградата за најдобар шведски крими, а исто така и единствениот што ја освоил данската награда „Розенкрац“ двапати по ред.…

ЈЕЛА КРЕЧИЧ Словенија Јела Кречич (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со…

ИЛЈА ЛЕОНАРД ФАЈФЕР Холандија Илја Леонард Фајфер (1968) е холандски писател. Пишува поезија, драми, есеи, колумни, репортажи, раскази, политичка сатира и романи во стилот на Рабле. Половина од критичарите го сметаат за гениј, а другата половина за ретро стилист. Неговата последнообјавена поетска збирка е првата книга поезија што некогаш ги освоила трите најголеми поетски награди…

МОНИКА ТРАЈКОВСКА Македонија Моника Трајковска е родена на 26 мај 1989 година во Скопје. Уште од рана возраст покажува заинтересираност за човечкиот ум, па тоа ја води кон факултетот за психологија. По дипломирањето, сакајќи да дознае повеќе за однесувањето на луѓето, завршува и прв степен во областа на гешталт-психотерапијата. Смета дека целото искуство за време…

РИТА МОНАЛДИ И ФРАНЧЕСКО СОРТИ Италија Писателите Рита Моналди (1966) и Франческо Сорти (1964) се брачен пар, автори на серијата историски книги „Имприматур“, „Секретум“ и „Веритас“. Живеат на релација Виена–Рим со своите две деца. Рита дипломирала класични студии, а специјализирала историја на религиите. Франческо Сорти дипломирал музикологија. Специјалист е за XVII век. Работеле како новинари.        …

ДОЈНА РУШТИ Романија Дојна Рушти (1957) е eдна од најпознатите писателки од Романија. Своите дела почнува да ги објавува по падот на комунизмот. Авторка е на девет романи и на голем број раскази, вклучени во разни антологии. Во своите дела пристапува кон фантастични теми сместени во реален контекст. Добитничка е на еминентни награди во својата…

ЕСМАХАН АЈКОЛ Турција / Германија Есмахан Ајкол (1970) е турско-германска писателка и новинарка. Дипломирала право во Истанбул. Моментално е на докторски студии во Берлин. Нејзините романи се преведени на голем број европски јазици, главно преку серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел.               Убиство во хотел Босфор Превод: Тулај…

АГАТА ТУШИЊСКА Полска Агата Тушињска (1957) е полска писателка. Ќерка е на историчар и новинарка. Доктор е по хуманитарни науки. Предавала книжевност и новинарство. Во пишувањето се занимава со биографијата и со книжевната репортажа. Мешајќи ги историското и фиктивното, објавила дваесетина книги, од кои неколку станале бестселери.             Обвинета: Вјера…