Николина Андова Шопова (1978) е писателка и поетеса. Авторка е на две поетски збирки „Влезот е од другата страна“ (2013) и „Поврзи ги точките“ (2014). Нејзината прва збирка поезија ја доби престижната награда Мостови на Струга, награда што ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата. Учесник е на бројни европски поетски фестивали, а нејзината…

Билјана Црвенковска (1973) е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и на истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com). Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, како и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи…

Јасминка Делова-Силјанова (1972) е редовен професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Практика на преведувањето. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори:…

Маргарета Карајанова (1972) е преведувач од чешки јазик и поранешен лектор по македонски јазик на Масариковиот универзитет во Брно, Република Чешка. Ги преведувала Милан Кундера, Томаш Змешкал, Хана Андроникова, Владислав Ванчура, Јиржи Хајичек, Михал Вивег, Радка Данемаркова, Даниела Ходрова, Јахим Топол, Патрик Оуржедњик, Ладислав Клима, Виктор Фишл, Луцие Фаулерова и други. Во последно време преведува…

Обединетото Кралство 🇬🇧 Софи Хана (1971) е бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“. Објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци низ светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014…

Чешка 🇨🇿 Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка, уредничка и сценаристка. Дипломирала чешки студии на Универзитетот Палацки во Оломуц. Нејзиниот дебитантски роман „Собирачи на прашина“ побудил интерес кај читателите и критичарите веднаш по објавувањето. Била номиниран за наградата Магнезија Литера за проза во 2017 година (највисоката годишна книжевна награда во Чешка), и наградата Јиржи Ортен…

  Словенија🇸🇮 Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот…

  Луксембург 🇱🇺 Франсис Кирпс (1971) е луксембуршки автор, сатиричар и новинар. По завршувањето на средното училиште, студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник во основно училиште. Од деведесеттите години објавува поезија и проза во различни антологии и списанија во Германија и во Луксембург. Во 2000 и 2001 година…

Белгија 🇧🇪 Стефан Хертманс (1951) е белгиски автор, поет и есеист од фламанското говорно подрачје. Неговата биографија се чита како образовен (билдунгс) роман. Од наставник до џез-музичар, од професор до писател, од белгиски државен лауреат до огромна меѓународна книжевна ѕвезда. Автор е на литературен и на есеистички опус кој вклучува поезија, романи, есеи, драми, раскази.…

  Македонија 🇲🇰 Лидија Димковска е родена 1971 година во Скопје. Таа е поетеса, романсиер, есеист и преведувач. Студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Скопје и докторирала романска книжевност на Универзитетот во Букурешт. Работела како предавач по македонски јазик и литература на Факултетот за странски јазици и книжевности во Букурешт и како предавач по светска…