Лиле Јовановска (1997) има учествувано на повеќе поетри слем натпревари низ Македонија. Победник е на Поетри слем Паратисима во 2015 година. Нејзината поезија е објавена во првата „Антологија на македонската слем поезија“. Голем љубител е на сите форми на уметноста во кои се изразува во слободно време, главно преку сликарството и стрип-културата.

Андреј Ал-Асади е роден 1996 година во Лондон. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е…

Maрија Ангеловска (1994) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за англиски јазик и книжевност. Се занимава со превод, толкување и пишување поезија и проза.

Марија Пандева (1994) е дипломиран преведувач од македонски на шпански и од шпански на македонски и дипломиран професор по македонски јазик. Од 2022 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како асистент-истражувач, а претходно работела 4 години како лектор по македонски јазик на МДУ „Ломоносов“ во Москва. Превела 5 книги од шпански на…

Марија Грубор (1992) е родена во Велес. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела во здравствениот сектор, a учествувала и во неколку независни студентски организации и културни проекти. Има издадено две поетски збирки. Дел од нејзините песни се преведени на англиски, бугарски, германски и шпански јазик. Двократен победник е на националниот натпревар во слем…

Љубица Арсовска (1950) е книжевен преведувач. Главен уредник е на списанието „Културен живот“. Преведува од англиски на македонски и обратно. Досега од англиски ги преведувала Џулијан Барнс, Тони Морисон, Сузан Сонтаг, Арундати Рој, Ијан Мекјуан, Харолд Пинтер, Тенеси Вилијамс и други, а од македонски на англиски Лидија Димковска, Лилјана Дирјан, Ристо Лазаров, Томислав Османли. Таа…

Александра Јоаниду (1966) е доктор на науки, универзитетски професор и преведувач од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од…

Иван Шопов (1987) е македонски писател и преведувач. Дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Автор е на книги раскази, песни во проза, сатирични текстови. Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и на бугарски…

Јана Михајловска (1981) е библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение во Македонија. Во 2004 година дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација. Неколку години работи во градинките и во приватните училишта за странски јазици во Скопје како професор по…

Ана Голејшка Џикова (1987) е македонска писателка и поетеса. Авторка е на стихозбирките „Љубов на улица“ (2013), „Напишан дом“ (2018) и „Слобода А“ (2022), како и на три сликовници за деца. Покрај тоа, објавила песни во американското списание „Мантис“ (2017) и во австриското книжевно списание „Литератур унд критик“ (2020). Заедно со Ѓоко Здравески е основачка…