Жарко Кујунџиски (1980) е писател и издавач. Дипломирал во 2003, а подоцна и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност во Скопје. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“ (www.reper.net.mk), копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Сопственик е на издавачката куќа…
Златко Панзов (1979) дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за македонска литература, Скопје. Докторанд е на Докторската школа за книжевност при Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта, Унгарија. Работи како Лектор по македонски јазик на Институтот за славистика и балтичка филологија, Универзитет…
Владимир Мартиновски (1974) е поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на бројни книжевно-теориски студии, збирки поезија, хаибуни, книги раскази, како и на две…
Александар Русјаков (1977) е македонски писател роден во Велес. Ги објавил книгите: „Голтка восхит од солзите на вечноста“ – поезија, „Ме сакаш ли под дождот?“ – раскази, „Тринаесеттиот месец“ – роман, „Атена со пенис“ – роман, „Курвински хроники“ – роман, „Албино трип“ – роман, „Хотел меѓу две војни“ – роман. Ги добил наградите: Награда „Пегаз“…
Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008 – 2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор е на…
Aлександар Шурбатовиќ (1973) е српски поет, писател, преведувач и издавач. Основно и средно училиште завршил во Крагуевац, а во Белград студирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и археологија на Филозофскиот факултет. Осум години живеел во Амстердам. Долги години бил главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“, а сега е сопственик на издавачката…
Радмила Ванкоска (1988 година) е документарна/концептуална фотографка и видеоуметница. Додипломските студии ги завршила на Филолошкиот факултет во Скопје, а на магистерски студии по дигитални уметности е на Факултетот за медиуми и комуникации, Сингидунум, Белград (Србија). Покрај уметничката пракса се занимава и со едукација поврзана со аналогна фотографија, снимање кратки видеа и монтажа. Своите дела ги…
Никола Ѓелинчески (1988) е преведувач од англиски и шпански јазик на македонски и обратно. Бил наградуван на конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ организиран од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија (ЗПРМ) и Делегацијата на Европската Унија. Активен член е на ЗПРМ. Уредил бројни изданија и извршил лектура и јазична редакција на голем број…
Ламија Милишиќ (1995) е литературен, театарски и филмски критичар и теоретичар. Во Сараево дипломирала филозофија и компаративна книжевност. Добитничка е на наградата за најдобар студент на Филозофскиот факултет на УНСА и Златната значка на УНСА. Нејзини есеи, текстови од книжевната теорија, критики и научни трудови се објавени во различни регионални списанија и портали. Таа е посветена…
Ена Хасечиќ (1994) е родена во Сараево. Магистрирала на отсекот за книжевност на народите на Босна и Херцерговина и босански, хрватски и српски јазик. Од 2019 година работи во издавачката куќа „Бајбук“ (“Buybook”) како уредничка и ПР. Досега уредила десеттина книги од автори од светот и од регионот. Била проектен лидер на неколку проекти на…