ЈАСНА КОТЕСКА Македонија Јасна Котеска (1970, Скопје) е македонска писателка, филозоф и редовен професор по хуманистика на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е авторка на единаесет книги за Зигмунд Фројд, Сорен Кјеркегор, комунизмот, санитарноста, објавени во Вашингтон, Торонто, Белград, Љубљана, Софија и Скопје, вклучувајќи ги Кјеркегор за конзумеризмот (2016, Торонто и Љубљана), Фројдовска…
ПЕТАР МАТОВИЌ Србија Петар Матовиќ е роден во 1978 година во Ужице, а студиите за српска книжевност ги завршил во Белград. Пишува поезија и есеи, објавува во периодиката и застапен е во повеќе антологии во Србија и во странство. Песните му се преведувани на повеќе јазици: полски, англиски, германски, шведски, француски, италијански, шпански, каталонски, португалски, летонски,…
МИЛЧО МАНЧЕВСКИ Македонија Милчо Манчевски е автор на филмовите „Пред дождот“ (1994), „Прашина“ (2001), „Сенки“ (2007), „Мајки“ (2010), „Бикини Мун“ (2017) и „Врба“ (2019), како и на кусометражните „без наслов“ (1982), „1.73“ (1985), „Четврток“ (2013), „Крајот на времето“ (2017) и други. Неговите филмови се дистрибуирани глобално и имаат освоено над 60 меѓународни награди, меѓу кои…
ХАЛДОРА ТОРОДСЕН Исланд Халдора Тородсен (1950-2021) била исландска писателка. Дипломирала педагогија и уметност во Исланд. Работела како учителка, графички уредник во дневен весник, раководител на ликовната наставна програма за основните училишта и како програмски директор во радио. Пишувала повеќе жанрови, и тоа поезија, кратки раскази, микрофикција и романи. ДВОЈНО…
МАРКО ШЕЛИЌ МАРЧЕЛО Србија Марко Шелиќ Марчело (1983) е српски музичар и писател, познат по своите социјално ангажирани текстови и еклектичен пристап. Еден од најистакнатите српски хип-хоп изведувачи. Дипломирал српски јазик и книжевност во Белград. Педагошкиот факултет во Крагуевац му доделува почесна диплома за педагошко дејствување. Пишува романи, колумни, есеи, рубрики за стрип. Твори и…
СЛОБОДАН ШНАЈДЕР Хрватска Слободан Шнајдер (1948) е хрватски писател и драмски автор. Дипломирал филозофија и англистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Основач и долгогодишен уредник на списанието за театар „Пролог“. Објавува романи, есеи, колумни и театарски дела од 1966 година. Негови драми се изведувани низ повеќе градови на Европа, иако некои од нив се избегнувани…
ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН Русија Евгениj Водолазкин е руски писател роден во 1964 година во Киев, Украина. Од 1990 година работи во Одделот за староруска литература, каде што е водечки научен соработник. Автор е на повеќе од сто трудови поврзани со древната и со новата руска литература. Предава на универзитети во Минхен и во Санкт Петербург. Неговиот…
КАДЕР АБДОЛАХ Холандија Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го осознал поимот за слободата на сосема поинаков начин. Како студент по физика во Техеран пишувал за левичарски андерграунд весник, a тајно објавил две збирки раскази…
МИХАЛ ВИВЕГ Чешка Михал Вивег (1962) е еден од најпопуларните и најпродавани современи чешки писатели. Дипломирал чешки јазик и педагогија. Како романсиер, драматург, сценарист и автор на раскази и на колумни пишува со многу хумор и оригинална иронија постигнувајќи длабоки значења. Од крајот на 1990-тите секоја пролет објавува по една книга. Преведен е на 25…
РИКУ КОРХОНЕН Финска Рику Корхонен своето книжевно деби го прави во 2003 година и набрзо се етаблира како еден од централните фински писатели. Пишува за сериозни и важни теми, во хумористичен стил што ги носи неговите наративни вештини во преден план. Пред да стане писател и колумнист со полно работно време, работи како учител во…