14 октомври 2026
ПОКАНА ЗА СООПШТУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА
ПРЕВЕДУВАЧКИТЕ НАГРАДИ „ДРАГИ“ 2026
Почитувани, Ве покануваме на настанот што ќе се одржи в петок (16 октомври) и ќе ги обедини соопштувањето и доделувањето на преведувачките награди „Драги“ за 2026 година во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните. Во истата пригода ќе биде доделена и интернационалната награда „Драги“ на проф. д-р Борислав Павловски од Хрватска, чие доаѓање во Скопје исто така е потврдено специјално за овој важен настан.
Ова е и денот кога се одбележуваат 75 години од раѓањето на македонскиот писател, преведувач, есеист и универзитетски професор, Dragi Mihajlovski, во чија чест е и основана оваа награда.
Потсетуваме на преведувачите и делата што влегоа во финалната селекција (подредени по азбучен ред, според првата буква од името на препејувачите):
- Ana Pejčinova f or the translation from English of “Selected poems” („Избрани песни“) by Rudyard Kipling, published by “Polica”, 2024;
- Daniela Spiroska, for the translation from English of “The Complete Poems” („Песни“ ) by Dylan Thomas, published by “PNV Publishing”, 2026;
- Eli Pujovska, for the translation from Dutch of “Selected Poems” („Златен венец – одбрани песни од Анеке Брасинга“), published by “Struga Poetry Evenings”, 2026;
- Igor Radev, for the translation from Chinese of “Meaningless poems” („Безначајни песни“) by Xi Chuan, published by “Struga Poetry Evenings”, 2026;
- Nikola Gjelinčeski за препевот од англиски јазик на „Неред“ од Питер Мекеј, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година
Наградата се состои од статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари. Жири-комисијата за доделување на наградата работеше во состав: акад. д-р Иван Џепароски (претседател, член одбран од организаторот), Владимир Цветкоски (член одбран од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Jana Mihajlovska PhD (член одбран од семејството на Драги Михајловски).
Настанот е од отворен карактер.
Годинашното издание на преведувачките награди „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.
За наградата „Драги“ првично беа номинирани 24 дела во превод на македонски јазик на 27 преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно беа опфатени дела од стотина светски поети. Првпат откако е основана оваа награда ќе биде доделена за превод на поетско дело, со што ќе се потполни голема празнина во нашата културна средина, а воедно и достојно ќе се чествува името на д-р Драги Михајловски, кој даде најголем придонес токму во препевот на книжевни дела во стих.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со препевите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше како на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор, така и на сите што се занимаваат со науката за превод (транслотологија).
Follow us on:
Награда ДРАГИ
https://www.facebook.com/nagradadragi/







