
КОЛКУ ЛАЈКОВИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СРЕЌА?
Средба на Елој Морено со ученици од средни училишта
Модератор: Бојана Стојменовиќ Петровска – Мој психолог
Колку навистина ни значи туѓото одобрување? Дали бројот на лајкови може да биде мерило за среќа, а виртуелното внимание да ја замени вистинската блискост? Како младите реагираат на ова? Со какви предизвици тие се соочуваат и како ги решаваат? Во време кога сè почесто го живееме животот пред очите на другите, овие прашања стануваат сè поважни.
На BookStar 2026 ученици од неколку средни училишта ќе разговараат со еден од најчитаните современи шпански автори, Елој Морено, за потребата да бидеме видени, за притисокот да изгледаме среќни и за границата меѓу животот што навистина го живееме и оној што им го прикажуваме на другите.
Средбата ќе биде на англиски јазик и ќе ја модерира Бојана Стојменовиќ Петровска – Мој психолог.
Jазик: англиски






