
КАКО (ДА) СЕ РАСКАЖУВА ИСТОРИЈАТА?
ЛИЧНА МЕМОРИЈА, ИСТОРИСКА ТРАУМА И КНИЖЕВНОСТ
Разговор со авторите Саша Бронвасер и Лилјана Коробка
Модератор: Александар Маџаровски
Историјата не се запишува само во учебниците. Таа останува во семејните приказни, во личните сеќавања, во премолченото и во траумите што се пренесуваат од една генерација на друга. Но, како се претвора таквото наследство во книжевна приказна? И што се случува кога личната меморија ќе се сретне со официјалниот историски наратив?
Во разговорот, Саша Бронвасер и Лилјана Коробка ќе зборуваат за начините на кои книжевноста ја преиспитува историјата, за односот меѓу сеќавањето и заборавот и за можноста преку литературата да се проговори за историските трауми што продолжуваат да живеат во сегашноста.
Разговорот ќе се одвива на англиски јазик и ќе го модерира Александар Маџаровски.






