
МАРЏАН САТРАПИ СО АДРЕСА ВО СКОПЈЕ: ОБИД ЗА МАЛ ОМАЖ
Учесници: Никола Гелевски, Владимир Битољану, Катерина Шекутковска и Жарко Кујунџиски
Модератор: Ивица Дукоски
Нејзините приказни се движат меѓу личното и политичкото, меѓу интимното сеќавање и големите историски потреси. Со својот препознатлив визуелен и раскажувачки јазик, Марџан Сатрапи создаде книжевен и уметнички свет што ги надминува границите на Иран, Европа и стрипот како медиум.
На каква адреса е Марџан Сатрапи во Скопје? Колку нејзините приказни раскажуваат нешто и за нашата перспектива, за нашите градови, сеќавања, апсурди и историски преломни точки?
Во овој обид за мал омаж, наши интелектуалци и уредници на четири издавачки куќи ќе се осврнат на творештвото на Сатрапи, на нејзината храброст да ги спојува личната и колективната историја и на можните паралели со нашето книжевно и општествено искуство.
Разговорот ќе се одвива на македонски јазик и ќе го модерира Ивица Дукоски.






