
ЗУЛЕЈХА ГИ ОТВОРА ОЧИТЕ: ПАТУВАЊЕ ВО ЕДЕН КНИЖЕВЕН УНИВЕРЗУМ
Разговор со авторката Гузел Јахина
Модератор: Емил Ниами
Од тишината на еден живот до големата бура на историјата – книжевноста на Гузел Јахина ги следи човечките судбини фатени во пресврти и обиди да се оди спроти брановите. Нејзините романи се приказни за преживувањето, достоинството, љубовта, различноста, барањето место под сонцето и надежта, но и за цената што човекот ја плаќа кога историјата ќе влезе во неговиот дом. Нејзиниот јавен глас – обид да ја досегне слободата на говорот и различното мислење.
Од незаборавната Зулејха до другите силни женски ликови и сложени светови на нејзините романи, Јахина создава книжевен простор во кој големите историски настани се гледаат од перспективата на обичниот човек во судир со доминантните наративи.
Во разговорот со авторката ќе се отвори нејзиниот книжевен универзум – од историјата и меморијата до женската перспектива, идентитетот, припадноста и човечката потреба да се најде светлина и во најтемните времиња.
Разговорот ќе го модерира со превод на македонски јазик Емил Ниами.






