
КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ „ЧУМУ СЛОБОДАТА?“
Странски учесници: Елој Морено (Шпанија), Јап Робен (Холандија), Мартина Видаиќ (Хрватска), Лилјана Коробка (Молдавија/Романија), Саша Бронвасер (Холандија)
Домашни учесници: Соња Станковска, Лилјана Пандева, Томислав Османли, Ивана Трајаноска, Иван Шопов
Водител: Марко Марк
Што значи да се биде слободен денес? Каде завршува личната, а каде започнува општествената слобода? И дали слободата е право, привилегија, одговорност или постојана борба?
Во „Паркот на поезијата“, BookStar 2026 ги собира на едно место гласовите на петмина странски и петмина македонски автори. Преку читања и книжевни средби, тие ќе понудат различни, понекогаш спротивставени, а понекогаш изненадувачки блиски погледи кон слободата.
Од личното до политичкото, од интимното до универзалното – „FREE AT LeAST?“ е книжевен простор за гласови што прашуваат, преиспитуваат и не се помируваат со готовите одговори.
Книжевното читање ќе биде на јазик по избор на авторите и ќе го води Марко Марк.






