
МАЛИОТ ПРИНЦ НА ШПАНСКАТА ЛИТЕРАТУРА
Разговор со авторот Елој Морено
Модератор: Весна Мојсова-Чепишевска
Превод: Ненад Велковски
Елој Морено е автор кој успева да зборува за големите прашања на современиот (млад) човек со едноставен, непосреден и исклучително читлив јазик. Неговите книги допираат до читатели од различни генерации, отворајќи теми како што се осаменоста, блискоста, врсничкото насилство, семејството, изборите што ги правиме и животот што понекогаш го поминуваме гледајќи од страна.
Во разговорот „Малиот принц на шпанската литература“, Морено ќе зборува за своето книжевно патување, за ликовите и приказните преку кои ја истражува човечката природа и за причините поради кои неговите книги наоѓаат пат до толку широк круг читатели.
Со авторот ќе разговара нашата професорка и научничка Весна Мојсова-Чепишевска, а разговорот ќе се одвива на шпански јазик со превод на македонски на Ненад Велковски.
Oбезбеден е превод и на знаковен јазик.






