Симона Јованоска (1985) е македонска писателка. Во 2015 година ја објавила својата прва книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 год. Во 2022 год. го освојува првото место на…

Јосип Коцев (1985) е македонски поет. Завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Pаботи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор е на поетските книги „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016), „Сега е најдолгото никогаш“ (2018), „Музеј на чувствата“ (2019) и „Две мориња“ (2023). Добитник е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на…

Влада Урошевиќ (1934) е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Објавил единаесет збирки поезија. Помеѓу неговите прозни дела има седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките…

Анастасија Ѓурчинова (1963) e eсеистка и преведувачка, a работи и како професорка по Италијанска книжевност на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Нејзини полиња на интерес се италијанистиката, компаратистиката, македонистиката, преведувачките студии и транскултурните студии. Се пројавува како автор на седум критичко-есеистички книги и монографии, но и како приредувач на…

Аница Блажеска (1983) e родена во Тетово. Сè уште учи, се надоградува, работи и упорно не пишува. Таа е сурово реална, безобразно трезвена и интелектуално емотивна поетеса. Нејзините настапи се природни и спонтани до степен на симпатична и искрена сценска наивност – сосема спротивна на луцидноста и зрелоста на нејзината поезија.

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC) и на Меѓународната асоцијација…

Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982) е вонреден професор по шпанска и хиспаноамериканска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Активно се занимава со превод од македонски на шпански и од шпански на македонски јазик и е член на македонското Здружение на преведувачи и толкувачи. Добитничка е на повеќе награди за кратки раскази, како и наградата за…

Душко Крстевски (1981) е поет, преведувач и книжевент рецензент. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје каде што моментално е магистранд по македонска литература. Застапуван е во неколку антологии на македонската млада поезија. Преведува од бугарски јазик, како за домашната културна…

Милан Дамјановски (1977) е преведувач и универзитетски професор. Доцент е по книжевност на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Доктор на науки е по англиска книжевност. Работи и како слободен преведувач и литературен преведувач. На англиски преведувал дела од истакнати современи македонски писатели, како Владимир Мартиновски, Блаже Миневски и Светлана…

Ксенија Чочкова (1979) е преведувачка од германски јазик. Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи како книжевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Работела на повеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Досега има објавено повеќе од 30 преводи…