Лилјана Коробка Лилјана Коробка (Сасени, Молдавија, 1975) е молдавско-романска писателка, научничка и истражувачка на цензурата во комунистичкиот период. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Молдавија, а докторирала на Универзитетот во Букурешт со тезата „Ликот во меѓувоениот роман во Романија“. Од 2002 до 2011 година работела како истражувачка во Институтот за историја и книжевна…

    Леа Ипи Леа Ипи e родена 1979 година во Драч, Албанија Taa e универзитетски професор, предава политичка теорија на Лондонската школа за економија (London School of Economics). Студирала филозофија и литература на римскиот универзитет „Сапиенца“, а докторирала на Европскиот универзитетски институт (EUI) во Фиренца. Полето на нејзиниот научен интерес ја опфаќа нормативната политичка…

Влада Урошевиќ   Влада Урошевиќ е академик, поет, прозаист, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Значаен дел од животот го поминал како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил 11 збирки поезија. Неговиот прозен опус, пак, се состои од збирки раскази, романи, книги со…

    Соња Станковска Соња Станковска е архитект и дизајнер, но во основата е раскажувач на приказни, без разлика на медиумот што го користи. Гради светови од линии, простори и зборови. „Фобос“ (Или-Или, 2025) е нејзина прва објавена книга, која беше финалист за наградата Роман на годината за 2025 година.          …

СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА Снежана Стојчевска дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012 ја објави првата поетска книга „Шеќер по подот“. За втората збирка „Под нулата“ ја доби наградата „Бели мугри“ за 2013 година. Авторка е и на книгите „Модри фантазии“ (2015), „Треба да е лесно“ (2017), „Ќе се завијам во песни“ (2019), „Празно место“ (2022)…

Валентин Нешовски Валентин Нешовски е новинар, уредник и писател. Работел во „Нова Македонија“, „Македонија денес“, „Денес“ и „ЗУМ-магазин“, и како дописник за странски медиуми. Во 2000 година ја добива новинарската награда на УНХЦР за најдобра сторија од бегалските кризи. Неговиот професионален престој на Универзитетот во Оклахома резултира со книгата „Конфликт, мир и медиуми“. Автор е…

Александар Русјаков Александар Русјаков е поет, писател, сценарист и колумнист. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности, на катедрата за филмска и ТВ-режија. Автор е на книгите: „Ме сакаш ли под дождот?“ (раскази, 2010), „Тринаесеттиот месец“ (роман, 2012), „Атена со пенис“ (роман, 2014), „Голтка восхит од солзите на вечноста“ (поезија, 2016), „Курвински хроники“ (роман, 2020), „Албино…

Ненад Јолдески Ненад Јолдески е современ македонски писател. Дипломирал на Економскиот факултет, а магистрирал на Катедрата за Oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Неговата прва книга, „Штамата на Енхалон“ (Темплум, 2009) е збирка раскази напишани на струшки дијалект и социолект. Таа ја доби наградата „Новите“ за најдобро дебитантско дело на конкурсот на издавачката куќа…

Шоле Резазаде Шоле Резазаде (1989) се преселила во Холандија од Иран во 2015 година. Три години по нејзината преселба, потпишала договор за првиот роман „Небото секогаш е виолетово“ за кој ја добила Наградата за дебитанти на Друштвото за холандска книжевност и Наградата на публиката „Бронзена був“. Романот беше и на пошироката листа за наградите „Либрис“…

Александар Прокопиев Бројот на објавени книги на македонскиот писател Александар Прокопиев (1953, Скопје) надминува дваесет (збирки раскази, новели, есеи и еден роман), а нивните преводи на балкански и на светски јазици се уште побројни. На пример, на српски јазик досега се објавени дури осум преводи на негови дела (најмногу во издание на „Геопоетика“). Во 2000…