Дел од фестивалската програма е и неформалната тура на Васко Марковски низ Скопје за учесниците на „BookStar“.
КОГА ПИСАТЕЛ ШЕТА ПИСАТЕЛИ
Скопјани го знаат Васко Марковски како учесник на безброј книжевни настани во улога на поет, раскажувач, сестран музичар, фотограф, преведувач, новинар. Но сега главно како запознавач на странските туристи со душата на Скопје. И нема подобар лик за тоа. Бидејќи Васко е човек што ужива во нештата што ги прави и се поистоветува со нештата што ги сака. А Скопје е негова лична опсесија. Како автор на серијалот „Урбани легенди“ и во својство на главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“ во 2010 година e награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“.
Васко Марковски е „урбана легенда“ на градот за кој ужива да прикажува. Соработката со „BookStar“ е од 2019 година.