
ДЕБАТЕН FIGHT CLUB: БЕСТСЕЛЕРОТ (НЕ) МОЖЕ ДА БИДЕ ГОЛЕМА ЛИТЕРАТУРА
Тим А: Зоран Спасов-Ѕоф, Joван Илиески, Сузана Камберова
Тим Б: Петар Андоновски, Дијана Петрова, Снежана Стојчевска
Воведничар: Александра Јуруковска
Што ја прави една книга голема? Бројот на продадени примероци, разновидната читателска публика, местото на листите на бестселери, коментираноста во читателските гурпи – или книжевната вредност, наградите, стилот, идеите и длабочината?
Во овој дебатен Fight Club во стилот на BookStar, ќе се судрат два тима околу едно од најстарите, но и најактуелни прашања во книжевноста: може ли книгата што ја сакаат милиони да биде и голема литература?
Дали успехот кај читателите е доказ за книжевна вредност или токму популарноста ја прави литературата предвидлива, комерцијална и „лесна“? Каде се среќаваат, а каде се разделуваат пазарот и уметноста? И кој, на крајот, има право да одлучи што е добра литература?
Без сигурна зона. Без дефинитивни одговори. Без многу сериосност. Само аргументи, контрааргументи, малку забава и книжевен Fight Club.
Настанот е на македонски јазик.






