
КНИЖЕВЕН ПОТКАСТ „АНТОЛОГЏИИ“
СО ДУШКО КРСТЕВСКИ
Што се случува кога писателот ќе седне пред микрофонот, без книжевната дистанца на сцената и без однапред зададени одговори?
„Антологџии“ (порано познат како „Гол ручек“) е поткаст на Антолог во кој Душко Крстевски разговара со автори за нивните книги, пишувањето, читањето, но и за темите што се кријат меѓу редовите. Искрено, непосредно и со простор за неочекувани пресврти, разговорите го носат книжевниот фестивал и зад сцената – кон личните приказни, ставови, дилеми и љубопитности на авторите.
Во рамките на BookStar 2026, „Антологџиите“ ќе пречекаат три авторки од различни книжевни и културни средини, со различни искуства, но со заедничка потреба преку пишувањето да поставуваат важни прашања за човекот и светот во кој живееме.
Леа Ипи – 24 август, 18.00 ч.
Лилјана Коробка – 29 септември, 17.00 ч.
Мартина Видаиќ – 29 септември, 18.00 ч.
Книжевноста во разговор – без дистанца, со многу прашања и уште повеќе приказни.






